Според новообјавена студија, лезбејките се одлични родители

Според новообјавена студија, лезбејките се одлични родители

Во студија, неодамна објавена во Списанието за хомосексуалноста (The Journal of Homosexuality ) во која биле интервјуирани адолесценти пораснати во семејства на два женски родители, се откри дека децата од овие семејства се подобро адаптирани во социјланата средина и се академски поуспешни од своите врсници кои пораснале во хетеросексуални семесјтва. Во Во студијата со наслов „Адолесцентите со лезбејски мајки ги опишуваат своите животи“ на Вилијамс Институтот при Универзитетот на Калфорнија, тинејџерите пораснати во лезбејски домови сметаат дека нивните родители претставуваат добри примери и ја оценија својата благосостојба со просечна оцена од 8.4 во скала од десет поени.

 

Потпирајќи се на работата на други долготрајни студии во САД и Велика Британија, авторите Нанте Гартел и Хенри М. В. Бос, зборуваа со 78 адолесценти кои уште од 1986-та биле дел од Американската национална лонгитунална студија на лезбејските семејства. Авторите на студијата собираа податоци за секојдневните искуства на лица на седумнаесетгодишна возраст кои биле вклучени во лонгитуналната студија. Студијата се стремела да ги испита адолесцентите во врска со нивните академски искуства, воншколски активности, идни цели, пријателства, семејсни врски, рол модели, здравствени проблеми и, генерлано, нивната благосостојба.

 

Студијата откри дека учениците кои биле одгледани од лезбејски мајки имале различни академски интереси, меѓу кои најпопуларни биле англиски јазик и математика, и учествувале во широк спактар на воншколски кативности, вклучувајќи го спортот, волонтерската работа и уметност. Тинејџерите од лезбејските семејства вклучени во студијата имале просечни оцени помеѓу 5- и 4+, скоро сите од нив имале аспирации да одат на факултет, а половина очекувале професионална кариера по дипломирањето.

 

Студијата, исто така, покажала дека кај децата кои од своето раѓање биле одгледани од лезбејки не постои никаков индикатор дека ќе се идентификуваат како ЛГБТ лица.

 

Авторите на студијата биле особено фокусирани на разговорите со тинеџерите за вредностите кои нивните родители им ги пренеле. На пример, една девојка напишала дека нејзините родители се успешни и прекрасни жени кои се среќни во животот и дека би сакала да биде како нив. Друг тинејџер ги опишал своите родители како силни, способни и паметни жени полни со љубов.

 

Други тинејџери ги опишале своите родители како вредни и реализирани личости, и како луѓе кои пренесуваат благородни вредности на своите деца. Во студиајта се вели дека едно момче изјавило дека неговите мајки имаат прекрасни карактери и силни вредности кои тој се обидува да ги превземе. Само еден тијеџер користел негативен јазик при опшувањето на своите родители при што ги нарекол „иранционални“.

 

Во заклучокот на студијта се вели дека децата пораснати во лезбејски семејства поседувале силни и стабилни социјлани мрежи, висока самодоверба и лични аспирации, постигнувале надпросечен академски успех и поседувале надпросенчнна тенденција да им се доверат на своите мајки – навика која е поврзана со намалувањето на депресијата и растројства на расположението, злоупотреба на опојни дроги, проблеми на училиште и деликвентност.