Во Скопје се отвори канцеларија за поддршка на ЛГБТ лицата

Во Скопје се отвори канцеларија за поддршка на ЛГБТ лицата

Хелсиншкиот комитет за човекови права и Холандската амбасада во Македонија, свечено го отворија првиот Центар за поддршка на ЛГБТИ заедницата во Македонија.

 

Под мотото „РАЗЛИЧНИ, ЕДНАКВИ, СЛОБОДНИ“ официјалното отворање на првиот Центар за поддршка на ЛГБТИ заедницата се одржа минатиот вторник во 19:00 часот на ул. Лазар Танев бр. 57 во Стара скопска чаршија.

 

На настанот се обратија претставници од Хелсиншиот комитет, ЛГБТИ заедницата, како и холандската амбасадорка во Скопје, Мариет Шурман.