16 Oct Дали Сојузот на пензионери е Унија на патријархални сили на ВМРО-ДПМНЕ?
Наместо да се бори против дискриминацијата врз основа на возраст, претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија Драги Аргировски се приклучи на владината дискриминаторска кампања против хомосексуалците: „- Нашите претци секогаш не воспитувале на патријархалните вредности за создавање на идни поколенија во брак и токму затоа македонската нација постои до ден денес.“
Но, кој е Драги Аргировски? Фотографиите од септемврискиот број на списанието „Пензионер“ кажуваат повеќе од илјада зборови:
Драги Аргировски се топи во стисокот на Никола Груевски
Драги Аргировски со екстатична насмевка покрај Никола Груевски и Спиро Ристовски
Драги Аргировски на иста маса со Груевски, Ристовски и Тодоров
Драги Аргировски покрај Канчевска и Ристовски
Четири фотографии на презадоволниот Драги Аргировски со спортистот Груевски
Драги Аргировски веднаш до Груевски и Ристовски
Уште една фотографија на Груевски со насмеаните пензионери
Драги Аргировски задоволно им објаснува на Ристовски и Канчевска
Има ли потреба да се појасни дека претседател на Издавачкиот совет на списанието „Пензионер“ е токму Драги Аргировски? Дали Драги Аргировски е следниот кандидат за годишната награда „горд послушник на Никола Груевски“?