Аргументите на конзервативците за истополовите бракови

Аргументите на конзервативците за истополовите бракови

Автор: Кен Мелман, поранешен претседавач на Републиканскиот Национален Комитет и бизнисмен од Њу Јорк

 

Што имаат заедничко Клинт Иствуд, Дик Чејни, Тед Олсон и Џон Болтон? Сите се долгогодишни посветени републиканци. Секој од нив се бори за поограничена влада. И секој од нив ја подржува слободата истополовите двојки да бидат во можност да стапат во брак.

 

Додека гласачите во Минесота го разгледуваат амандманот за уставен брак, десничарските гласачи се прашуваат зошто овие истакнати конзервативци веруваат дека слободата на бракот е конзистентна со нивните вредности.

 

Конзервативците имаат изградено широка коалиција обединета околу единствена цел: повеќе слобода, помалку влада. Тоа е клучен дел од нашето наследство и е содржано во нашата ДНК.

 

Слободата на Американците од сите раси е причината поради која Републиканската партија беше основана. Нашите најважни достигнувања, како економскиот раст кога ги намаливме даноците и ја намаливме регулацијата по падот на Берлинскиот ѕид, резултираа од нашата промоција на слободата. Нашиот концепт за слободата е основан врз Декларацијата за независност преку која на секој Американец од страната на својот создавач, а не од владата, му е овозможено правато на потрага на сопствената среќа.

 

Поранешниот заменик-претседател, Дик Чејни, во неговото објаснување зошто смета дека сите граѓани на САД треба да го имаат правото на брак, вели: „Слободата значи слобода за сите“. Тој е во право.

 

Која слобода е поосновна и полична отколку правото да стапите во брак со личноста која ја сакате? Доколку сериозно веруваме во вредноста дека на секој граѓанин од страна на неговиот создавач му е доделено правото да ја бара својата среќа, тогаш како ова право да не ја вклучува и слободата на бракот? Што би можело да биде поцентрално за среќата на една личност? Од друга страна, доколку сакаме помала и помалку здодевна влада, индивидуите, а не политичарите, би требало да решаваат со кого сакаат да стапат во брак.

 

Максимизирањето на слободата не е едниствената конзервативна вредност која е употребена во дозволувањето на граѓанскиот брак за истополовите парови. Таквиот брак ќе промовира стабилност, одговорност и посветеност, односно ги вклучува семејните вредности кои често ги промовираме во јавните политики. Бракот ги охрабрува луѓето да мислат пошироко од сопствените потреби, да креираат нови домови, да изградат мрежа за подршка, така што луѓето ќе можат да добијат нега во случај на болест, старост и тешки времиња.

 

Нели би сакале овие конзервативни вредности да бидат достапни за нашите семејства? Како што Тед Олсон неодамна напиша: „Фактот што индивидуите кои се геј сакаат да учествуваат во оваа битна социјална инситутција е доказ дека конзервативните идеали се широко распространети. Конзервативците треба да го слават овој факт.“

 

Овој амандман не е неопходен за верската слобода и, наместо тоа, би можело да ги инхибира правата на приватните инситуции, вклучувајќи ги и црквите и синагогите. Затоа што некои цркви сакаат да венчаваат истополови парови, додека други одбиваат, државите кои го дозволиле истополовиот брак експресно вклучиле и клаузула на совеста. Овие држави едноставно овозможуваат дозволи за граѓански бракови од страна на властите, додека приватните институции го имаат правото, според своите верувања, да избираат дали ќе венчаваат истополови двојки или не.

 

Како републиканци, ние ја почитуваме индивидуата и работиме на овозможувањето на луѓето да живеат на начин на кој ним најмногу им одговара со што помало мешање од страна на владата во нивните животи. Оваа идеја се базира на важната Јудео-христијаска вредност на третирање на другите луѓе на начин на кој ние би сакале ние да бидеме третирани.

 

Ставете се себе си во кожата на својот сосед. Како би се чувстувале доколку ги плаќате истите даноци, сте служеле во истата војска и ги следите истите правила како и вашиот сосед, а владата не ви ја дозволува слободата да стапите во брак со личноста која ја сакате?

 

Истополовите парови сакаат да стапат во брак од исти причини како и хетеросексуалните. Тие сакаат долготрајна врска која ќе трае и во добри и во лоши времиња, во здравје и болест, и која ќе им донесе стабилност во понатамошниот заеднички живот.

 

Клинт Иствуд, Дик Чејни, Џон Болтон и Тед Олсон не се едниствените кои го застапуваат овој став. Неодамнешните истражувања покажувааат дека денеска поголем број Американци ја подржуваат слободата на бракот во споредба со оние кои се против. Помеѓу републиканците, овој број е зголемен за педесет проценти во изминатите три години, а мнозинството на републиканци, не постари од триесет години, ја подржуваат оваа основна слобода.

 

Овој факт не е изненадувачки. Слободата на бракот е конзистентна со основните конзервативни и американски вредности – ограничена влада, лична одговорност, посветеност и, над се, слобода за сите.