Проглас за афирмација на слободата на изразување

Проглас за афирмација на слободата на изразување

Слободата на изразување во Република Македонија е сериозно загрозена. Се

повеќе е изразена цензурата и автоцензурата. Од друга страна, никој не се бори

против говорот на омразата и притисоците врз слободата на изразувањето.

Неодамна, Владата подготви и достави до Собранието на Република Македонија,

пакет закони кои директно навлегуваат во слободата на изразувањето.

 

Иако овие закони ги засегаат сите граѓанки и граѓани, ниту граѓаните ниту

граѓанскиот сектор немаат реална можност да се вклучат во процесот на донесување

на овие закони. Собранието одлучи да ги донесе овие закони во редовна постапка, но

тие се носат во ултра брза постапка која ги исклучува граѓаните и граѓанскиот сектор

од консултативниот процес.

 

Првите анализи од страна на граѓанскиот сектор предупредија дека Предлог-

законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета содржи толку многу

недоследности кои не можат да се надминат само со амандманска расправа во

завршна фаза.

 

Имајќи предвид дека:

– Законот не ги засега само новинарите и медиумите, туку, и сите граѓани и

граѓански организации,

– Граѓаните и граѓанските организации имаат право активно да учествуваат во

подобрувањето на законите кои што ги засегаат,

– Ваквата форма на законот директно ја загрозува слободата на изразување и

може да доведе до бројни злоупотреби и уште повеќе да ја зајакне цензурата и

автоцензурата,

 

БАРАМЕ:

1. Пратениците да се воздржат од гласање на законите со кои директно се

загрозува слободата на изразување.

2. Предлагачот (Владата) да го запре процесот на донесување на трите закони

и да започне нов процес во кој директно преку јавна дискусија ќе бидат

вклучени граѓанските организации и граѓаните воопшто.

 

 

ГИ ПОВИКУВАМЕ:

Сите граѓани и граѓански организации, сите интелектуалци, новинари и други јавни

личности да му се приклучат на Фронтот за слободата на изразувањето!

СМРТ НА ФАШИЗМОТ СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕТО!

 

– Хелсиншки комитет за човекови права на РМ

– Центар за развој на медиуми (ЦРМ)

– Метаморфозис

-Цивил медија

– Фондација Отворено општество Македонија (ФООМ)

– НВО Инфоцентар

– Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“-

Скопје

– Македонски центар за европско образование (МЦЕО)