ЛГБТ активисти го блокираа прајдот во Јоханесбург

ЛГБТ активисти го блокираа прајдот во Јоханесбург

Минатата сабота дваесет илјади посетители на геј прајдот во Јоханезбург беа изненадени од демонстрантите кои протестираа против нападите мотивирани од омраза врз ЛГБТ популацијата.

 

Најголемиот прајд на африканскиот континент започна на пладне, но беше сопрен кога членовите на кампањата „Еден од девет“ блокираа една главна раскрсица. Според Мамбо-онлајн, демонстрантите поставиле кукли со човечки облик и пароли на кои пишувало „Умираме за правда“ и „Нема причина за прослава“.

 

Во изминатите две години во Јоханесбург се случи серија на грозоморни убиства на геј лица при слични околности. Но, се додека минатиот март не се случило осмото убиство, властите не почнале да се сомневаат дека инцидентите би можеле да бидат поврзани. Лидерката на „Еден од девет“, Кери Шелвер, ја опишува групата како „феминистички колектив предоминатно составен од квир жени“. Шелвер вели дека целта на протестот било да се создаде едноминутен молк во чест на жртвите на убиствата.

 

Учесниците на прајдот биле збунети од нивната акција, некои дури и мислеле дека се работи за протест на анти-геј група. Се случил и помал инцидент кога полицијата се обидела да им ги одземе нивните банери. „Срамно и трагично е што нешто како ова може да се случи“ – вели еден учесник на прајдот. „Сите сме на истата страна. Сите се бориме за истите нешта“.

 

Организаторот на прајдот во Јоханесбург, Тања Харфорд, вели дека „Еден од девет“ требало најпрвин да се обратат кај нив:

„Доколку се потрудеа да стапат во контакт со организацискиот борд, ние ќе бевме отворени да соработуваме со нив. Немаше да имаме проблем да имаме едноминутен молк, и со тоа заедно да го искажеме нашиот став на помоќен начин“.

 

Шелвер призна дека преходно не стапиле во контакт со бродот. И на прашањето дали ваквиот начин на протестирање може да биде виден како конфронтирачки, збунивачки и агресивен, Шелвер одговори: „Се гледаме себе си како дел од ЛГБТ заедницата и верувавме дека сме способни да го направиме ова што го направивме“.

 

Халфорд инсистираше дека протестот е „апсолутно несоодветен и нелегален. Тие немаа ниту една од потребните дозволи. Тие исто така ја посрамија целата ЛГБТ заедница. Кампањата не беше објаснета, ниту беше јасно која е нивната цел“.

 

„Тие си пукаа во нога. Ние се згрозуваме и сме бесни на кое било дискриминирачко насилство врз ЛГБТ лицата, но, чувстувам дека тоа што тие го направија е прилично ограничено и краткорочно. Никој не знаеше кои се тие и што сакаат да кажат.“

 

По инцидентот, парадата продолжи по сопствениот тек и заврши доцна попладнето со настапи на Ола, Крези Вајт Бој и Флеш Републик. На настанот ненајавено се појави и заменикот-министер за правда и уставен развој, Андреас Нел, кој изјави дека иако има уште многу работа, тој е „горд што може да се гордее со учесниците на настанот“.