Српскиот премиер смета дека белградскиот геј прајд претставува „безбедносен ризик“

Српскиот премиер смета дека белградскиот геј прајд претставува „безбедносен ризик“

Српските власти продолжуваат да се закануваат дека ќе го забранат белградскиот геј прајд фестивал, кој треба да се одржи овој викенд, поради стравот од насилства од страна на десничарски хулигани.

 

Премиерот Ивица Дачиќ вели дека настанот, во кој е вклучена и улична парада на 6-ти октомври, претставува безбедносен ризик.

 

Тој изјави: „Досега добивме парцијални безбедносни проценки и би можеле да ја забраниме парадата, доколку се покаже дека претставува собир со висок ризик“.

 

Доколку се забрани парадата, тоа ќе претставува втор случај по ред во кој властите ги забрануваат прославите на ЛГБТ заедницата, по насилните напади на анти-геј демонстранити врз Прајдот во 2010-та. Демонстрантите повредија стотици од учесниците и предизвикаа шетата од еден милион евра преку уништување на имот.

 

Меѓутоа, организаторите на белградскиот Прајд инсистираа настанот да се одржи и покрај тоа што истиот ден, денсичарските групи планираат да одржат контра-протести.

 

„Досега не сме добиле информација дека Прајдот нема да се одржи. Прошетката е планирана за следната сабота и јас се надевам дека ќе се одржи“ – изјави организаторот на Прајдот, Горан Милетиќ, за вебсајтот на Б92.

 

Тој додаде: „Имаме одличен однос со полицијата и интензивни преговори за безбедноста, но, тоа се технички прашања. Две лица се одговорни за безбедноста во нашата земја. Тие се премиерот Ивица Дачиќ и заменикот-премиер Александар Вучиќ, кој е координатор за безбедносни сервиси. Тие мораат да ја обезбедат нашата сигурност“.

 

Во текот на годината романтична комедија „Парада“, во која геј пар кој се обидува да организира геј прајд во Белград на изненадување стана хит на Балканот со преку пола милион гледачи на филмот во шестте поранешни југословенски републики.

 

Но, Србија, заедно со другите ЕУ кандидати, е повикана од страна на Европскиот парламент да направи повеќе за да ги заштити правата на ЛГБТ граѓаните.