Родени слободни и еднакви – нова публикација на Канцеларијата за човекови права на ОН

Родени слободни и еднакви – нова публикација на Канцеларијата за човекови права на ОН

Канцеларијата за човекови права на ОН објави нова публикација за сексуалната ориентација и родовата еднаквост во меѓународното право за човекови права. Во публикацијата е презентиран основниот извор и опсег на дел од основните правни обврски преку кои државите мораат да ги заштитат човековите права на лезбејките, геј, бисексуалните и транссексуалните лица. Книгата од шеесет страни е дизјанирана како алат за државите кој ќе им помогне во подобро разбирање на нивните обврски и чекорите за да истите се исполнат, но и за актвистите од граѓанскиот сектор, заштитниците на човековите права и други лица кои бараат од владите да го почитуваат меѓународното право на човекови права.

 

Веќе две децении, институциите, специјалните известувачи за човекови права, и други експерти назначени од Советот за човекови права и неговиот претходник, документираат широки прекршувања на човековите права на ЛГБТ лицата. Во извештаите се вклучени убиства, силувања, физички напади, тортура, произволно затворање, забрана на правото за јавно собирање, изразување и информирање, и дискриминација при вработување, во здравството, во образованието и во пристапот кон одредени услуги и сервиси. Во сите случаи, жртвите се таргетирани, или поради тоа што се тие се, или поради тоа што се претпоставувало дека се лезбејки, геј, бисексуални или трансродови лица. Често се случува самата перцепција дека некој е хомосексуалец или трансродово лице да ги става луѓето во ризик.

 

Книгата се фокусира на пет основни обврски каде што е потребна акција на национално ниво – од заштитата од хомофобично насилство, до превенција на тортура, декриминализирање на хомосексуалноста, забрана на дискриминација и овозможување слобода на изразување, здружување и мирни собири на ЛГБТ лицата. За сите, основата на обврската на државите во интернационалното право на човекови права е објасната со референца до одредени одлуки, препораки и совети препорачани од механизмите за човекови права на Обединетите Нации. Книгата, исто така, вклучува и примери за акција која може да биде преземена на национално ниво во усвојувањето закони, политики и пракси кои се во согласност со применливите меѓународни стандарди за човекови права.

 

Во изминативе години, многу од земјите направија одлучен напор за да ја засилат заштитата на човековите права во секоја од овие области. Голем број на нови закони се имаат усвоено, вклучувајќи и закони со кои се забранува дискриминацијата, се казнуваат хомофобични напади од омраза, се признаваат истополови партнерства и се олеснува процедурата за добивање на официјални документи кои го означуваат преферираниот род на трансродовите лица. Биле развиени тренинг програми за полицијата, затворскиот персонал, наставниците, социјалните работници и други, и биле имплементирани анти-булиинг инцијативи во голем број на училишта.

 

Во годините кои доаѓаат, треба да се направи многу во борбата против предрасудите и во заштитата на ЛГБТ лицата од насилство и дискримација во сите земји во светот. Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права се надева дека оваа публикација ќе придонесе за оваа цел, нудејќи им практични ресурси на сите оние кои работат на промени без разлика дали тоа го прават од преспектива на Обединетите Нации, во регионалните организации, владите, националните инститиции за човекови права или во граѓанското општество.

 

Публикацијата можете да ја преземете овде.