На геј татко во Бразил му е доделено целосно родителско отсуство

На геј татко во Бразил му е доделено целосно родителско отсуство

Владина агенција во Бразил дозволи целосно родителско отсуство на геј маж кој се наоѓа во граѓанско партнерство.

 

Лусимар да Силва побарал целосно четиримесечно родителско отсуство пред две години, кога тој и неговиот партнер посвоиле дете.

 

Се до денеска, Бразилскиот закон одредуваше само мајката на детето да може да добие четиримесечно отсуство, додека таткото можеше да добие само пет работни дена отсуство.

 

Како работник во бразилска агенција за социјално осигурување, Да Силва, тврдеше дека станува збор за дискриминација доколку не му биде одобрено отсуство исто онакво какво што им се одобрува на жените родители.

 

Порано во неделава, агенцијата соопшти дека случајот не претставува правен преседан, и дека во иднина паровите кои се наоѓаат во слична ситуација треба да аплицираат индивидуално за добивање на отсуството.

 

Минатиот јули, амбасадорите кои се наоѓаат во Бразил бараа повеќе акција и дискусија за сексуалната ориентација и родовиот идентитет како дел од универзалните стандарди за човекови права.