Индиските сексуални работници/чки бараат пензии

Индиските сексуални работници/чки бараат пензии

Колективот за женска врсничка едукација Индира (IFPEC), кој претставува организација која работи со сексуални работници/чки, минатиот вторник до индиската влада достави неколку барања за подобрување на социјалната позиција на сексуалните работници/чки и побара владата да расправа за проблемите со кои се соочуваат.

 

Главното барање на организацијата се состои во можноста за добивање на пензија за оние сексуални работници/чки кои имаат над четириесет години старост: „ По четириесетата година од животот, тие не можат да бидат повеќе дел од индустријата и многу од нив банкротираат затоа што немаат познавања од некоја друга професија“ – изјави К. Калаивани, секретарка на IFPEC.

 

Другите девет барања, од вкупно десет, вклучуваат овозможување на социјална сигурност за сексулните работнички, бесплатна правна помош, квалитетна медицинска услуга на постарите сексуални работнички, домови за краток престој за стигматизираните сексуални работници, фонд за спречување на трговијата со жени и деца, финасиска помош за сексуалните работнички кои сакаат да започнат свој бизнис и заштита од физичко малтретирање.

 

„Уште едно битно барање се состои во тоа Бордот за расчистување на сиромашните квартови овозможи куќи за домување на приоритетна основа, бидејќи на сексуалните работници/чки им е екстремно тешко да најдат простор за домување“ -рече Калаивани. Тие, исто така, побараа владата да овозможи фондови за помош на ќерките на сексуалните работници/чки при стапување во брак.

 

„Голем број од жените стануваат сексуални работнички поради условите во семејството. Кога еднаш веќе ќе станат сексуални работнички, многу е тешко да се асимилираат назад во општетството поради стигмата која оваа професија ја има“ -вели таа.

 

П. Н. Шанти, благајничката на организацијата, вели дека голем број од жените стануваат сексуални работнички, бидејќи поткенуваат од растурени семејства или нивните мајки се вдовици.

 

Од 2088 жени кои се членки на групата, околу педесетина, живеат со ХИВ и повеќе не работат, рече Калаивани. Една од резолуциите усвоени на состанокот беше дека сексуалните работници/чки треба да одбијат кој било клиент кој не сака да користи кондоми.