Хјуман рајтс воч: Тортура и непочитување на правата на корисниците на дрога во камповите во Азија

Хјуман рајтс воч: Тортура и непочитување на правата на корисниците на дрога во камповите во Азија

Стотици илјади луѓе индетифкувани како корисници на дрога во Кина и околу Североисточна Азија се затворени во центри каде што врз нив се врши тортура, физичко и сексуално насилство кое е дел од таканаречениот третман.

 

Ова обвинување е содржано во извештајот од дваесет и три страни на Хјуман рајтс воч (ХРВ) со наслов „Тортурата во име на третманот: Злоупотреба на човековите права во Виетнам, Кина, Камбоџа и Лаос“

 

Овие центри, според организацијата со седиште во Њу Јорк, САД, добиваат финасиска подршка и фондови од земји-донатори и агенции на ОН, но центрите системетски ги одрекуваат правата на луѓето за ефективен третман на ХИВ и зависност од дрога, и игнорираат дека спорведуваат присилна работа и злоупотреба.

 

Документот на ХРВ покажува дека повеќе од триста пеесет илјади лица, индетификувани како „повремени корисници на дрога“ биле затворани во установи, кои можат да се споредат со затвори, како дел од „третманот“ по кој следи медицинска детоксикација.

 

Укинувањето на слободата може да трае до пет години и вклучува обични граѓани- бездомници, луѓе со ментални заболувања и улични деца.

 

Во кампот како дел од „терапијата“, „гостите“ се подредени на вежби од милитаристички стил, рецитирање на слогани и работни услови споредливи со ропство.

 

Џо Амон, директорот на оделот за здравствени и човекови права на Хјуман рајтс воч, потенцира дека „тепањето, присилната работа и понижувањето“ не се дел од терпијата потребна за борба со зависностите.

 

„Овие центри треба да бидат затворени и на нивно место треба да биде обезбеден доброволен и ефективен третман. Пекинг, Ханој, Пном пен и Виентијан систематски ги прекршуваат правата на пациентите, одземјаќи им ја личната слобода на луѓето. Тие се приведувани од страна на полицијата или „доброволно“ се пријавуваат од страна на властите или членовите на семејството кои потклекуваат на социјалниот притисок да го направат своето село „слободно од дроги“.

 

Од моментот кога ќе се најдат во овие центри тие не можат да заминат. Не постои клиничка евалуација на зависноста од дрога што резултура со затварање на повремени корисници на дрога, но, и лица за кои постои сомнеж дека користат дрога“.

 

Ова истражување, исто така, покажа дека овие кампови придонесуваат за ширењето на болести како СИДА и рапидно покачување на бројот на ХИВ позитивни лица.