Руска социјална мрежа дозволува постирање само на хетеросексуални врски

Руска социјална мрежа дозволува постирање само на хетеросексуални врски

Руската водечка социјална мрежа беше критикувана од страна на геј активистите поради непостоењето на опцијата за статус за истополови врски.

 

Сајтот ВКонтакте, кој досега има околу сто дваесет милиони корисници, ја овозможува само опцијата за хетеросексуални врски на профилите на корисниците.

 

Еден корисник, кој е индетификуван само под името Олег, од администрацијата на сајтот побарал опција за прикажување на сатусот дека има момче, но одговорот кој го добил бил да го „промени полот“ на неговиот профил и дека геј бракот е се уште нелегален во Русија, пренесе Радио Слободна Европа.

 

Ова не преставува прекршување на ниту еден Руски закон, но сепак е повод за критика од морални причини, затоа што сајтот има голем број на ЛГБТ корисници.

 

Рускиот ЛГБТ активист Николаи Алексејев, за Радио Слободна Европа изјави: „ Од морална и етичка позиција, ако се земе предвид дека голем број на геј и лезбејки ја подржуваат оваа социјална мрежа, ја користат и помагаат таа да заработува пари, тие би требало да ги признаат таквите врски“

 

Најголемата социјална мрежа во светот, Фејсбук, нуди опција и за истополови бракови и за истополови врски.

 

Руската ЛГБТ популација е соочена со повеќе потешкотии и онлајн и офлајн, факт кој е потврден со апсењата за време на насилствата на овогодишната московска парада на гордоста.

 

Администраторите на социјалната мрежа потврдија дека во блиска иднина не планираат да воведат опција за истополиви врски.