Лицата кои користат дрога во Источна Европа и Централна Азија зборуваа за ХИВ-от

Лицата кои користат дрога во Источна Европа и Централна Азија зборуваа за ХИВ-от

На Меѓународниот форум за СИДА кој се одржа минатата недела во Киев, Украина, заедницата на лица кои користат дрога побараа итна промена на прохибитивните политики за јавното здравство и похуман пристап спрема луѓето кои користат дрога во Источна Европа и Централна Азија.

 

Обраќајќи им се на учесниците на форумот преку видео порака, извршниот директор на УНАИДС, Michel Sidibé, изјави: „УНАИДС ве подржува во повикот за укинувањето на рестиркициите на програмите за намалување штети и итното воведување на интервенции кои спасуваат животи и кои се основани на докази“.

 

Форумот, насловен „Осигурувајќи нашиот глас да биде слушнат“, на едно место ги собра претставниците на заедниците на лицата кои користат дрога, граѓанското општество, академијата и Обединетите Нации, за да дискутираат за постоечките потешкотии во справувањето со проблемите поврзани со употребата на дрога и ХИВ-от.

 

Учесниците формулираа неколку пораки кои ќе бидат испратени до националните влади и до меѓународната заедница на претстоечката Меѓународна конференција за СИДА која ќе се одржи помеѓу 22-ри и 27-ми јули во Вашингтон, САД.

 

Се претпоставува дека од 2001-та, бројот на возрасни и деца кои живеат со ХИВ во Источна Европа и Централна Азија се зголемил тројно и дека во 2009-та тој број достигнал до еден и пол милион лица. Инјектирањето на дрога останува примарната причина за трансмисија на ХИВ во регионот.

 

Се смета дека во моментот три милиони и седумстотини иљади лица инјектираат дрога во овој регион и се верува дека грубо едно од четири лица кои инјектираат дрога живее со ХИВ.