Гугл започна кампања за геј права наречена „Легализирајте ја љубовта“

Гугл започна кампања за геј права наречена „Легализирајте ја љубовта“

 Гугл започна кампања наречена „Легализирајте ја љубовта“ со која се промовираат геј правата во земји во кои постојат анти-хомосексуални закони.

 

И покрај тоа што има сугестивен наслов, инцијативата не се однесува на промовирање на еднаквост помеѓу браковите.

 

Портпаролот на Гугл изјави дека кампањата „ќе промовира побезбедни услови за геј лица и лезбејки во земји во кои постојат анти-геј закони“.

 

Dot29.com соопшти дека кампањата беше најавена на Глобалниот ЛГБТ самит за работни услови во Лондон.

 

Извршниот директор на Гугл Марк Палмер-Еџкумбе изјави: – „Сакаме нашите вработени кое се геј, лезбејки или трансродови лица и надвор да ги искусуваат истите услови кои ги имаат во канцелариите на Гугл. Тоа претставува навистина амбициозна задача“.

 

Тој додаде дека инцијативата ќе започне во Сигапур и Полска: – „Сингапур претендира да биде глобален финасиски центар и светски лидер и ние сметаме дека за да една држава биде глобален центар и светски лидер, таа мора да ги третира сите луѓе подеднакво без разлика на нивната сексуална ориентација“.