Андерсон Купер им се заблагодари на своите фанови

Андерсон Купер им се заблагодари на своите фанови

Водителот на Си-Ен-Ен, Андерсон Купер преку својот Твитер акаунт им се заблагодари на своите фанови за подршката откако соопшти дека геј.

 

Четириесет и пет годишниот водител кој минатиот понеделник соошти дека е геј, напиша: „Ги ценам сите позитивни твитови. Се наоѓам на работна задача во Боцвана, но, би сакал на сите да им го честитам 4-ти јули!“

 

Купер ја потврди својата сексуална ориентација во и-мејл пораката упатена кон Дејли Бист, која оваа недела ја одобри за објавување.

 

Тој напиша: „Откако станав репортер во воени зони пред дваесет години, често се наоѓав себе си на многу опасни места. Поради сопствената безбедност и безбедноста на луѓето со кои работам, секогаш се трудев да бидам што помалку приметлив и преферирав да се држам до својата работа која се состои во раскажувањето на приказните на другите луѓе, наместо да ја раскажам сопствената“.

 

Тој вели дека смета дека „ненамерните резултати од заштитувањето на својата приватност ги надминуваат личните и професионалните принципи“.

 

Додавајќи дека булиингот врз хомосексуалците се уште претставува голем проблем, Купер рече дека бил загрижен дека неговиот молк би можел да биде протолкуван како тој да сака да сокрие нешто што го прави да се чувстува некомфорно, засрамено или заплашено.