15 Jun Лигата за одбрана на Англија ќе маршира за време на геј прајдот во Бристол
Анти-исламистичката и крајно десничарската организација Лига за одбрана на Англија (ЕДЛ) ќе одржи марш во Бристол истиот ден кога во градот ќе се одржува геј прајд парада.
Како резултат на оваа најава се организира голема безбедносна операција која ќе чини еден милион фунти и во која ќе учествуваат седумстотини полицајци, објави Би Би Си.
Во соопштението на локалната полиција се вели дека нејзината цел е да овозможи двата настани да се одржуваат непречено, и јавноста да биде заштитена без разлика на кој настан ќе присустува.
Геј прајд фестивалот ќе се одржува во близина на Колеџ Грин, а пак демонстрацијата на ЕДЛ е најавана дека ќе се одржи во Кесл паркот, во раздалеченост од еден и пол километар од местото каде што ќе се одржува геј прајдот. Иако организациските комитети на двете групи се сретнаа со полицијата и локалниот совет, и двете групи не сакаат да го поместат датумот на одржување на своите настани.
Во меѓувреме, дел од Бристолските членови на парламетот и советници ја повикаа ЕДЛ да не го одржи својот настан во градот, стравувајќи од јавни немири,
Во соопштение, ЕДЛ објави дека таа само се спротиставуват на „исламскиот екстремизам“ и дека организацијата не е хомофобична. Исто така, тврдат дека имаат неколку ЛГБТ членови и дека членовите на геј заедницата нема потреба да бидат загрижени во врска со маршот на 14-ти јули.