09 Jun Стотици припадници на специјалните сили на полиција го обезбедуваа сплитскиот геј прајд
Сплит, Хрватска – Стотици припадници на специјалните сили на полиција ја обезбедуваа геј прајд парадата во хрватскиот град Сплит поради заканите за насилство од страна на екстермистите.
Неколку стотици луѓе, вклучувајќи и владини министери, беа пристуни на маршот носејќи знамиња и пароли на кои пишуваше „Геј е ок“ и „Сите сме еднакви“.
Патот на толпата луѓе беше ограден од страна на полицијата со цел да се заштитат учесниците. Хеликоптер леташе над самиот собир и полициски воден топ беше паркиран во близината.
Хрватските власти се обврзаа да го обезбедат прајдот како знак за посветеност на заштитата на геј и други човекови права пред зачленувањето во Европската Унија во 2013-та.
Минатата година, екстремистите фрлаа шишиња и камења врз учесниците со што повлекоа глобални реакции на осуда.