Претставен „Геј носорогот“ на бирмингемскиот прајд

Претставен „Геј носорогот“ на бирмингемскиот прајд

Илјадници луѓе присуствуваа на славеничкиот викенд кој го одбележа бирмингемскиот прајд на кој беше откриена огромна камена скулптура наречена „Геј носорог“.

 

Настанот беше предводен од британската поп група The Saturdays, која во саботата настапи на главната бина наречена Nightingale, по што следеа настапи на други познати лица како Кери Катона, The Showbears и Џони Робертсон од X Factor.

 

Карневалската поворка во саботата напладне започна да се движи од плоштадот Викторија и се движеше до срцето на геј квартот во градот.

 

На шоуто во живо во саботата се појавија и диџејот Скот Милс од Radio 1 и Music in Motion, а се одржа и настан за подршка на брачната еднаквост на кој беа присутни Крис Доуд, Тин Ана, Ема Скип и Кет Чин.

 

Меѓутоа, главната атракција на овогодишниот прајд беше откривањето на таканаречениот „Геј носорог“, скулптура на носорог во вредност од петнаесет илјади фунти која е поставена над Wynner House на влезот на геј селото на раскрисниците на улиците Х’рст и Бромсгрув.

 

Скулптурата, за која градскиот совет на Бримингем покри две третини од трошоците, за своја цел има да одбележи историјата на градот, а во својата внатрешност содржи фотографии, музика и видео материјали кои ги обезбеди локалната заедница.