Питер Тачел ги повика пејачите на Евровизија да се борат за слободата на говорот во Азербејџан

Питер Тачел ги повика пејачите на Евровизија да се борат за слободата на говорот во Азербејџан

Активистот за човекови права Питер Тачел побара од натпреварувачите и организаторите на Евровизија да се спротистават на претседателот Алијев и неговиот диктаторски режим во Азербејџан, на кои многумина гледаат како некомпатибилни со вредностите на изборот на песна на Евровизија.

 

Медиумското внимание е свртено кон земјата откако Ел и Ники минатата година победија на изборот, но повеќето новинарски текстови беа повеќе фокусирани на односот на земјата кон човековите права и нејзината посветеност на ЛГБТ луѓето, отколку на музиката.

 

„Претседателот Алијев ја користи Евровизија како пропаганден алат за да проектира модерна и либерална слика пред светот. Организаторите на изборот на песна се судрија со неговиот спин и односи со јавност“ – рече Тачел, пред одржувањето на изборот во Баку, главниот град на земјата.

 

Како што вели Тачел: „Организаторите на Евровизија не добија никави гаранции дека азербејџанскиот режим ќе ги почитува човековите права, дека посетителите на Евровизија нема да бидат виктимизирани и дека новинарите кои го покриваат настанот ќе можат слободно да известуваат“.

 

Тачел побара од лицата кои учествуваат да заземат став против рестрикциите на слободата на говорот – дури и изјави како „ја сакам слободата’ би можеле да имаат влијание, вели тој.

 

Отворената критика на изборот, кој од страна на Интернационаланта асоцијација на гејови и лезбејки беше виден како шанса земјата да се придвижи кон поголема отвореност, може да и биде сомителена на полицијата.

 

Извештајот за Азербејџан за геј правата, исто така, бележи лош однос од страна на властите. И покрај тоа што хомосексуалноста е декриминализирана во 2001-та, членовите на ЛГБТ заедницата се уште страдаат од малтретирање од страна на полицијата и хомофобични напади.

 

Релациите помеѓу Иран и Азербејџан се влошија откако се појави гласина за одржување на геј парада како најава за изборот на Евровизија. Иран го повлече својот амбасадор од Азербејџан, обвинувајќи ја земјата за навредување на нивните религиозни светци.