Ве повикуваме да ја потпишете петицијата за да и помогнете на најголемата ЛГБТ+ организација во Русија да преживее!

Ве повикуваме да ја потпишете петицијата за да и помогнете на најголемата ЛГБТ+ организација во Русија да преживее!

Руската ЛГБТ мрежа, како и иницијативите и активистите поврзани со неа постојано се мета на закани, провокации и кампањи за клевета. Во ноември 2021 година, руската ЛГБТ мрежа беше означена како „странска агентура“.  Руските власти сега ги доведоа своите напади на уште повисоко ниво: тие започнаа правни дејствија за трајно ликвидирање на Хуманитарната фондација- Сфера, организација која работи со сите програми на ЛГБТИ движењето. Затворањето на фондацијата би значело оневозможување на работата на руската ЛГБТ мрежа.

Руската ЛГБТ мрежа е движење кое ги спојува различните ЛГБТ+ иницијативи и активисти низ целата земја. Без оваа мрежа, стотици ЛГБТ+ животи немаше да бидат спасени од репресијата против ЛГБТ+ луѓето во Чеченија од 2017 година.

Повеќе од 15 години, руската ЛГБТ мрежа обезбедува правна и психолошка помош за ЛГБТ+ луѓето низ целата земја, поддржувајќи различни иницијативи и организации, давајќи итна помош во кризни ситуации и ангажирајќи се во мониторинг и застапување. Дополнително, ја промовира јавната свест за ЛГБТ+ луѓето и дискриминацијата кон нив и дава значаен придонес за надминување на хомофобијата, бифобијата и трансфобијата во руското општество.

Присилното затворање на организацијата која работи со сите програми на руската ЛГБТ мрежа ќе ги  остави без поддршка токму оние на кои оваа поддршка им е најпотребна, маргинализираните заедници. Конечно, тоа би било јасен сигнал испратен од властите до граѓанското општество дека секој ЛГБТ+ активизам е забранет и неподобен.

ПОТПИШЕТЕ ТУКА