Македонија на дното по почитувањето на правата на ЛГБТ групата

Македонија на дното по почитувањето на правата на ЛГБТ групата

Македонија годинашниот Меѓународнеи ден против хомофобијата и трансфобијата – 17 мај – го дочекува во групата на Ерменија, Азербејџан и Украина во однос на почитувањето на правата на ЛГБТ групата.

Еврокомесарката за внатрешни прашања Сесилија Армстронг вели дека Европа „премногу кукавички“ се бори против растечката хомофобија, известува „ЕУ Обсервер“.

 

– Морам да кажам дека тоа што се случува сега, во последниве години, навистина ме плаши. Слушаме хомофобни говори и извештаи за насилство против ЛГБТ популацијата. Она на што сега сме сведоци не е општество кое се движи кон отвореност и толеранција, туку токму спротивното – порача таа вчера во Брисел, ден пред сегашниот меѓународен ден.

 

Малстром зборуваше на состанокот организиран од „Лига Европа“, невладината организација во седиште во Брисел која се бори за луѓето од ЛГБТ популацијата (лезбијки, хомосексуалци (гејови, бисексуалци и трансполови луѓе). Притоа беше презентиран и годишниот извештај на организацијата за Европа.

 

Извештајот разгледува 42 правни прашања и анализира 49 земји во Европа.

 

„Забележан е голем напредок – посебно на планот на азилот и на заштитата од насилство“, се вели во извештајот. Во него исто така се напоменува дека во некои земји или не е забележан напредок или пак ситуацијата се влошила.

 

Се вели и дека ниту една европска земја не обезбедува целосна законска заштита за ЛГБТ популацијата.

 

Велика Британија се смета за најпријателска кон хомосексуалците, со 21 поен на скалата од -12 до 30. По неа се Германија (20), Шпанија (20), Шведска (18) и Белгија (17).
Најлоша е состобата во Молдавија (-4,5), а после се Русија (-4,5), Ерменија (-4), Азербејџан (-4), Македонија (-4) и Украина(-4).

 

Оваа вест е превземена од http://www.plusinfo.mk/vest/43154/Makedonija-na-dnoto-po-pochituvanjeto-na-pravata-na-LGBT-grupata