Брисел именува улица по убиена сексуална работничка за да го означи фемицидот

Брисел именува улица по убиена сексуална работничка за да го означи фемицидот

Од Lauren Walker

Нова улица во Брисел ќе го носи името на убиената нигериска сексуална работничка Eunice Osayande, за да го сврти вниманието кон сите жени кои станаа жртви на трговија со луѓе, сексуално насилство и фемицид.

Улицата што ќе го носи нејзиниот епоним ќе ги поврзе Quai de Willebroeck и Quai des Péniches, во близина на Северната станица, зад која Osayande беше убиена во јуни 2018 година.

„Инклузивниот феминизам се фокусира на правата и борбите на жените од секој општествен ранг. 42% од жените на возраст од 16 до 69 години барем еднаш доживеале физичко сексуално насилство “, вели Ans Persoons, одговорна за топонимија.

„Кај сексуалните работници, процентот е многу поголем. Борбата за спуштање на овие високи бројки заслужува повеќе внимание и итност. И токму затоа на Eunice Osayande денес и’ се дава улица “, додаде таа.

Овој потег е дел од поширокиот тековен проект на градот, поради што имињата на улиците во Брисел се феминизираат.

„До сега, секогаш избиравме впечатливи – но често заборавени – жени со исклучителен талент или извонредно достигнување. Но, за мене, феминизмот не се однесува само на жени кои блескаат“, објаснува Persoons.

Пред пет години, Osayande падна во рацете на банда мажи кои и’ ветија посветла иднина и работа во Европа, наведувајќи ја заедно со некои други девојки, да го започне нејзиното тешко патување во Белгија, кое вклучуваше преминување кон Италија со гумен брод, и неколку силувања.

По пристигнувањето во Брисел, таа била принудена да им плати на макроата 45.000 евра за криумчарење, како и да плати кирија за нечист стан во кој живеела заедно со уште неколку жртви.

Во јуни 2018 година, таа беше прободена 17 пати од незадоволен клиент-17-годишник-кој беше уапсен две недели подоцна. Во јануари оваа година, четирите лица вклучени во нејзиниот шверц беа осудени на затворска казна од 33 месеци до четири години.

Една година по нејзината смрт, нејзините колеги се собраа да и’ оддадат почит со тивок марш и ја замолија општината за подобри услови за работа.

Maxime Maes од синдикатот на сексуални работници го поздрави чинот на почит кон колешката што „беше брутално одземена од нас“.

„Сексуалните работници честопати се заборавени, но овој пат тоа нема да се случи“, рече Maes.

ИЗВОР