18 Nov Јавно предавање на Susanna Paasonen: Thinking Sex and Play
Коалиција МАРГИНИ и ЛГБТИ Центар за поддршка во рамки на Школата за род, сексуалности, култура и политика овозможија јавно предавање на Susanna Paasonen: Thinking Sex and Play.
Сузан Пасонен е професорка по Студии на медиумите на Универзитетот во Турку во Финска. Имајќи интерес за студии за сексуалноста, мрежните медиуми и афектите, таа e раководителка на истражувачкиот проект на Академијата во Финска – „Сексуалност и игра во медиумската култура“ и на проектот на конзорциумот на Советот за стратешко истражување – „Интимност во култура водена од податоци“. Од неодамна, авторка е на книгите „Зависни, расеани, здосадливи: Афективни формации во мрежните медиуми“ / Dependent, Distracted, Bored: Affective Formations in Networked Media (MITP, 2021), „Кој се смее сега? Феминистички тактики на социјалните медиуми“ / Who’s Laughing Now? Feminist Tactics in Social Media (MITP, 2020, во ко-авторство со Џени Сунден), „Објектификација: За разликата меѓу сексот и сексизмот“ / Objectification: On the Difference Between Sex and Sexism (Routledge, 2020, во ко-авторство со Феона Атвуд, Алан МекКи, Џон Мерсер и Клариса Смит), „Небезбедно за работа: Секс, хумор и ризик на социјалните медиуми“ / NSFW: Sex, Humor and Risk in Social Media (MITP, 2019, во ко-авторство со Кајли Џерет и Бен Лајт) и „Многу раскошни работи: Размислувајќи за секс и игра“ / Many Splendored Things: Thinking Sex and Play (Goldsmiths Press, 2018).
Абстракт:
Who knows what sex could be if people were encouraged to enjoy it as play rather than
as a drama”, Lauren Berlant once asked. Taking on this question, this talk examines sexuality through the notion of play and argues for the importance of foregrounding the complexities of pleasure in critical inquiry. Play in the realm of sexuality involves experimentations with what bodies can feel and do: it is autotelic in not necessary involving any other pursuits or purposes than the pleasure of the activity itself. The pleasures that sex yields can be strained, dark and hurtful as we become, and become undone, in encounters with other bodies, moving in and out of zones of comfort. As the exploration of different possibilities, appetites and connections, sex allows for pushing previously imagined horizons of embodied potentiality in terms of sexual routines and identifications. Play sets things in motion and animates bodies, offering productive avenues for theorizing the contingency and urgency of sexual pleasures, desires, orientations and their congealment in categories of identity.
Школата за род, сексуалности, култура и политика е дел од „Проектот за ЛГБТИ инклузија – дигитална едиција“ финансиски поддржан од страна на ИЛГА-Европа, а имплементиран од страна на ЛГБТИ Центарот за поддршка и Коалиција Маргини.