08 May Трансродова тинејџерка се најде меѓу полуфиналистките во изборот за Мис Англија
Тинејџерка, која ја имаше најраната операција на промена на полот во светот, на само шеснаесет години, се приближи до освојувањето на титулата на Мис Англија.
Џеки Грин, која сега има осумнаесет години, претставува првото трансродово лице кои стигнало до полуфиналето на националниот избор за убавица.
Џеки, која беше замолена да му се приклучи на изборот од страна на скаути кои воопшто не знаеја за нејзината промена на полот, изјави: „Се чувствувам екстатично. Воопшто не очекував дека ќе влезам во полуфиналето. Бев во контакт со многу луѓе и ме возбудува самата помисла дека сум инспирарала други луѓе. Никогаш немам помислено деќа ќе бидам во можност да инспирирам други луѓе“.
Родена како Џек, таа пројде низ седумчасовна операција за примена на полот во Тајланд за нејзиниот шестнаесет годишен роденден. Во Велика Британија оваа операцијата не е дозволена за лица помлади од осумнаесет години“.
Нејзината мајка Суси се задолжи 28 илјади фунти за третманот и летовите, откако нејзината ќерка пет пати се обидела да се самоубие.
Суси, која има 48 години, изјави: „Навистина се гордеам со неа. Таа помина низ доста тешки периоди, но сепак таа самата одлучи да се стави на ризик. Постојат доста предрасуди, но таа се обидува да ги натера луѓето да разберат дека не се работи за избор и дека е сосема во ред“
Таа објасни како Џек, најстариот од нејзинте четири сина, сакал повеќе да си игра со барбики и да става џемпери на главата да се чувствува како да има долга коса.
Таа изјави: „Во една прилика таа ми кажа: Мамо, Господ направил грешка, јас имам женски мозок во машко тело“.
Кога Џеки почнала да оди во основно училиште, таа почнала да бива малтретирана, а ситуацијата особено се влошила откако на единаесет годишна возраст се префрлила во средно училиште.
Потоа следеле петте обиди за самоубиство, а во еден случај Џек се заканил дека ќе си ги пресеше гениталиите со нож.
По овие настани, Суси одлучила да направи истражување и, на дванаесет годишна возраст, Џек бил пратен во болница во Бостон каде што му правеле психолошки тестови.
Му било препорачано да зема блокатори и женски хормони кои спречуваат појава на машки физички карактеристики како адамово јаболко во полза на женси карактеристики како истакнати гради и колкови.
Полуфиналето на Мис Англија ќе се одржи на 30-ти мај. Финалето е закажано за крајот на јуни.