Геј уметникот Ки Херинг доби признание од Гугл

Геј уметникот Ки Херинг доби признание од Гугл

Објавувајќи негово дело во форма на Гугл дудл, Гугл му оддаде почит на животот и делото на Кит Херинг, американски поп уметник кој пред дваесет и две години почина од комликации предизвикани од СИДА-та на својата триесет и една годишна возраст.

 

Господинот Херинг, кој завчера ќе беше наполнеше педесет и четири години, беше отворено геј, и водеше кампањи за безбеден секс. Почина две години откако беше дијагностициран со ХИВ, и за време на боледувањето ја создаде Кит Херинг Фондацијата за да обезбеди фондови и публицитет за организации кои работат со пациенти кои страдаат од компликации предизвикани од вирусот.

 

Тој првпат беше забележан од јавноста преку неговите цртежи со креда во Њујоршката подземна железница во доцните седумдесети. Тој отвори продавница во СоХо во 1986-та, наречена Поп Шоп, во која помеѓу вообичаените клиенти беше и Мадона. Кралицата на попот во една прилика изјави за Херинг: „Кит… успеа уличната уметност, која беше подземна контракултура, да ја направи поп култура за масовна потрошувачка. Јас, исто така, го направив истото.

 

Како посветен популист, тој сакаше неговите дела да допрат до што е можно поширока публика. Ретроспектива на неговите дела, наречена „Изложби: Кит Херинг 1978-1982“, се отвори во Бруклинскиот музеј во Њу Јорк минатиот март.