04 Sep Европскиот Парламент со писмо до Владата на Р.Северна Македонија: Барање за вклучување на Законот за спречување и заштита од дискриминација во програмата на новата влада
Денес четири интергрупи од Европскиот Парламент испратија писмо до нашата Влада за усвојување на Законот за спречување и заштита од дискриминација. Во писмото интергрупите го поздравуваат вклучувањето на законот во владината програма и ја поттикнуваат што поскоро да го усвојат законот и да известат Комисија. Во продолжение може да го проследите писмото:
Премиер на Северна Македонија, Зоран Заев
Вицепремиер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби
Министерка за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска
Брисел, 4 септември 2020 година
Предмет: Барање за вклучување на Законот за спречување и заштита од дискриминација во програмата на новата влада
Почитуван премиере на Република Северна Македонија, Зоран Заев,
Почитуван вицепремиере за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби,
Почитувана министерке за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска,
Ние, долупотпишаните европратеници, би сакале да Ви честитаме за Вашите неодамнешни успешни парламентарни избори и со нетрпение очекуваме да работиме со влада која ќе го унапреди проспериретот на Северна Македонија и нејзиниот пат кон интеграција во ЕУ, особено во однос на демократијата, владеење на правото и темелните права. Во оваа насока, ние би сакале да ја искористиме оваа можност да ја изразиме нашата благодарност за тоа што неодамна укинатиот Закон за спречување и заштита од дискриминација (укинат од Уставниот суд на Република Северна Македонија во мај поради техничка причина) е меѓу еден од приоритетите на новата влада во следните месеци.
Укинувањето на овој закон значи дека Репулика Северна Македонија во моментов не обезбедува доволна заштита од дискриминација за сите нејзини граѓани и граѓанки. Како членови на Интергрупите на Европскиот парламент за ЛГБТИ права, Анти-расизам и различност, Попреченост и Правата на децата, особено сме загрижени дека сегашното отсуство на законодавство негативно влијае на најмногу маргинализираните луѓе во општеството, како што се Ромите, ЛГБТИ луѓето, жените, луѓето кои живеат во сиромаштија, луѓето со посебни потреби и религиозните малцинства.
Овој закон, кој беше одобрен од национални експерти и активисти по долги години неуморна работа, и беше пофален од Венецијанската комисија, Обединетите нации, Европската унија и ОБСЕ-ОДИХР, беше пример за заштита од дискриминација за сите граѓани и граѓанки. Уште повеќе, Законот обезбедува заштита од дискриминација врз голем број на основи, што пак ги исполнува обврските неопходни за продолжување на преговорите за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ. Овој закон е исто така предмет на Декларација за приоритетно усвојување потпишана од повеќе партии и граѓански организации во Република Северна Македонија.
Со оглед на важноста на оваа материја и фактот што укинувањето ги остави овие групи незаштитени, веруваме дека ситуацијата е од најголема итност. Следствено, го поздравуваме додавањето на овој закон во владината програма и ве поттикнуваме да ја остварите политичката заложба за негово усвојување што побргу, и да осигурате дека телото за негово спроведување – Комисијата за спречување и заштита од дискриминација – ќе се формира во законската временска рамка веднаш по повторното усвојување на законот.
Конечно, со нетрпение очекуваме да соработуваме со новата влада за време на нејзиниот пристап кон ЕУ во врска со сите прашања што се однесуваат на еднаквоста.
Со почит,
LGBTI Intergroup Bureau
Marc ANGEL, Co-Chair
Terry REINTKE, Co-Chair
Malin BJÖRK, Vice-Chair
Maria WALSH, Vice-Chair
Sophie IN’T VELD, Vice-Chair
Fabio CASTALDO, Vice-Chair
Anti-Racism and Diversity (ARDI) Intergroup Bureau
Cornelia ERNST, Co-Chair
Evin INCIR, Co-Chair
Samira RAFAELA, Co-Chair
Younous OMARJEE, Co-Chair
Hilde VAUTMANS, Vice-Chair
Children’s Rights Intergroup Bureau
Caterina CHINNICI, Co-Chair
David LEGA, Co-Chair
Hilde VAUTMANS, Co-Chair
Saskia BRICMONT, Co-Chair
Disability Intergroup Bureau
José GUSMAO, Co-Chair
Katrin LANGENSIEPEN, Co-Chair
Mónica Silvana GONZÁLEZ, Co-Chair
Radka MAXOVÁ, Co-Chair
Anne-Sophie PELLETIER, Vice-Chair
Brando BENIFEI, Vice-Chair
Chrysoula ZACHAROPOULOU, Vice-Chair
Marianne VIND, Vice-Chair
Members of the Intergroups
Evelyn REGNER, Chair of the Committee on Women’s Rights and Gender Equality (FEMM)
Andreas SCHIEDER, Chair of the Delegation to the EU-North Macedonia Joint Parliamentary Committee (D-MK)
Alice KUHNKE
Alicia HOMS GINEL
Anna DONÁTH
Antoni COMÍN I OLIVERES
Daniel FREUND
Dietmar KÖSTER
Francisco GUERREIRO
Giuliano PISAPIA
Gwendoline DELBOS-CORFIELD
Irena JOVEVA
Isabel CARVALHAIS
Karen MELCHIOR
Kira Marie PETER-HANSEN
Magdalena ADAMOWICZ
Manuel BOMPARD
Margrete AUKEN
Marie TOUSSAINT
Marisa MATIAS
Milan BRGLEZ
Monika VANA
Nathalie LOISEAU
Olivier CHASTEL
Pernando BARRENA ARZA
Petra DE SUTTER
Rasmus ANDRESEN
Rosa D’AMATO
Sirpa PIETIKÄINEN
Svenja HAHN
Tanja FAJON
52 signatures