Започна со работа Линијата за советување на ЛГБТИ+ лица

Започна со работа Линијата за советување на ЛГБТИ+ лица

На 05.08.2020 официјално започна со работа Националната линија за советување на ЛГБТИ+ лица.
Со повик на бројот 075 24 11 24, ЛГБТИ луѓето, членови на нивните семејства, пријатели и поддржувачи, но и стручни тимови од училиштата и центрите за социјална работа може да се обратат за да добијат помош, поддршка или советување.

На Линијата може да се поразговара со стручно лице за прашања или грижи поврзани со соопштување на сексуалната ориентација или родовиот идентитет, релациски проблеми, депресивно расположение или анксиозност, вознемирување и малтретирање на училиште, насилство во семејството, проблеми на работното место, дискриминација, позитивен ХИВ статус или прашања поврзани со безбеден секс, суицидни мисли итн.

LGBTI Helpline

Советувачите на Линијата се стручни лица (психолози, социјални работници, психотерапевти), кои обезбедуваат безбедна средина за лицата кои се јавуваат. Советувачите на линијата се со поминат тренинг за работа со ЛГБТИ лица, и советување на телефонска линија.
Субверзивен фронт го обврзува стручниот тим на Линијата на професионалност и доверливост на информациите со Договор и Изјава за доверливост.
Работното време на Линијата е
понеделник16 – 20 часот
вторник10 – 14 часот
среда16 – 20 часот
четврток10 – 14 часот
петок16 – 20 часот
Доколку нема активна смена во моментот, барањата за поддршка може да се пратат преку СМС, на Вибер, или на фејсбук страницата на Линијата.

Линијата е финансирана од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Horizontal Facility II за Западен Балкан и Турција 2019 – 2022“ и со поддршка од Министерство за труд и социјална политика.

ИЗВОР