30 Jul ОГЛАС ЗА СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК
Во рамките на проектот: Психо-социјална помош на трансродовите лица за време на КОВИД 19, ТрансФормА – Иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица во Македонија (која работи со административна и техничка поддршка на Коалиција Маргини), има потреба од шестмесечно хонорарно ангажирање на психолог.
Опис на работни задачи и одговорности:
Прави проценка на состојбата во која се наоѓаат корисниците и ги утврдува потребите на корисниците од областа на социјалната заштита;
Помага во надминување на ситуациите со кои се соочуваат корисниците во областа на социјалната заштита и остварување на нивните права во оваа област;
Ги следи сите фактори кои влијаат врз корисниците од состојбата со КОВИД 19 кризата;
Одржува редовна комуникација, ги запознава, информира и им помага на корисниците во искористувањето на мерките за помош од Владата за справување со кризата од КОВИД 19
Потребни квалификации:
Диплома за завршено четиригодишно високо образование (т.н „стара програма”) или диплома со стекнати 180 кредити согласно ЕКТС – социјална работа и социјална политика;
Напредно познавање и користење на устен и пишан работен англиски јазик;
Компјутерски вештини;
Напредни организациски и комуникциски вештини.
Како предност ќе се смета:
Завршени постдипломски студии;
Искуство во областа на социјалната работа, политика и заштита;
Работно искуство во областа на заштитата на човековите права
(пр. советување, информирање и работа со граѓани, граѓански активизам, едукација или истражување);
Искуство во работење со трансродови луѓе;
Искуство во работење или комуникација други маргинализирани заедници (ЛГБТИ, сексуални работници, луѓе кои живеат со ХИВ, луѓе кои користат дроги итн.)
Рок и потребни документи за аплицирање:
Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достави кратка биографија (CV) на македонски јазик. Во кратката биографијa потребно е да бидат наведени референци и контакт податоци во однос на работното искуство.
Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: koalicijaszpmz@gmail.com, најдоцна до 05.8.2020, до 16 часот. При доставувањето на апликациите потребно е да се наведе работната позиција.
Постапка за избор на кандидат/ка:
Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени предвид. Комисијата ќе изработи ранг листа од примените апликации во зависност од степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас, а потенцијалните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Договор за хонорарен ангажман:
Со избраниот/та кандидат/ка Коалиција МАРГИНИ ќе склучи договор за привремен ангажман за хонорарна работа во траење од пет месеци. Взаемните права и обврски во договорот ќе бидат уредени во согласност со Законот за работните односи и внатрешните акти на организацијата. За ангажманот е предвиден хонорар од 9.000,00 денари месечно во бруто износ.