Комитетот CEDAW за прв пат донесе позитивна пресуда во корист на жените лезбејки во случајот „О.Н. и Д.П. против Руската Федерација“

Комитетот CEDAW за прв пат донесе позитивна пресуда во корист на жените лезбејки во случајот „О.Н. и Д.П. против Руската Федерација“

Лезбејска двојка е нападната во метро по што нема ефективна последователна истрага.

Комитетот на ОН за елиминација на дискриминацијата врз жените – CEDAW утврди прекршување на авторските права според членовите 1, 2 и 5 од Конвенцијата CEDAW од страна на Русија.

Руската Федерација беше повикана:

  • Да обезбеди тренинг за родова сензитивност за полицијата со цел хомофобичните злосторства против лезбејките да бидат разбрани како родово-базирани насилства или злосторства на омраза, за кои е потребна активна интервенција од страна на државата;

 

  • Да се придржува до своите должности за делотворна почит, заштита и исполнување на човековите права на жените, вклучително и на лезбејките, како и правото да се биде слободен од сите форми на родово-базирано насилство;

 

  • Да ги истражува навремено, темелно, непристрасно и сериозно сите наводи за родово-базирани насилства против жени мотивирани од омраза кон лезбејките, да го зема целосно предвид специфичниот контект на прекршокот, да обезбедува поведување на кривични постапки во сите вакви случаи, да ги доведува наведените сторители пред суд и да изрекува соодветни казни;

 

  • Да им обезбеди на лезбејките коишто биле жртви на насилство безбеден и брз пристап до правда, вклучително и бесплатна правна помош, со цел да се осигура дека ќе имаат пристап до достапни, ефективни и доволни правни лекови и рехабилитација.

    Пресудата е достапна во целост ОВДЕ.