Русија: Татко го затворил својот геј син во клиника за рахбилитација

Русија: Татко го затворил својот геј син во клиника за рахбилитација

Руски тинејџер избегал од клиника за рехабилитација, откако неговиот конзервативен татко го затворил поради тоа што на своите шеснаесет години му признал дека е геј.

 

Иван Карченко, московски тинејџер, проведе дванаесет дена во клиниката за рехабилитација Маршак, за која се препоставува дека овозможува третман на лица зависни од дрога. Тој бил ослободен по дванаесет дена присилен затвор, откако неговите пријатели и подржувачи вклучувајќи го и рускиот активист за човекови права Д’митри Алешковски и парламетарецот Илја Пономарјов, успеале да му помогнат да биде ослободен.

 

Тој бил сместен во клиниката наспроти неговата волја, откако неговата баба го измамила да посети вештерка која од него требала да го избрка „духот на хомосексуалноста“. Кога тоа не успеало, неговиот татко побарал помош од медицински лица.

 

„Порадо би те видел како лице со посебни потреби или како билка, откако како геј“ – му кажал таткото на синот, пренесува радиото Еко Москови.

 

Иако формалана причина за неговото затворање било сомневањето дека тој користи дрога и алкохол, неговиот адвокат Виолета Волкова изјави за радиото Еко Москови дека не постоел доказ за тоа. Таа вели дека тој бил дрогиран од страна на персоналот на клиниката и дека поради тоа дури и ги забравил имињата на своите пријатели.

 

Рускиот сервис на БиБиСи извести дека Иван успеал на прозорот од клиниката да постави банер на кој пишувало „Те сакам“ посветен на неговото момче.

 

Активистите кои го ослободија сметаат дека неговото сместување во клиниката против неговата волја е еднакво на киднапирање. Сега тој се наоѓа кај неговата мајка за која се смета дека нема приговори на фактот дека тој е геј. Полицијата ќе го испита случајот како тој бил хоспитализиран.