18 Dec „Не се откажувај, барај правда!“
Доколку се соочувате со правен проблем и немате доволно финансиски средства за решавање, вие имато право на бесплатна правна помош. За повеќе информации околу природата на проблемот со кој се соочувате, како и за можностите за остварување на правото на примарна и секундарна правна помош за негово решавање, обратете се во Министерство за правда, овластените здруженија на граѓани и правната клиника.
Обезбедувањето на пристап до правда за граѓаните е основен предуслов за економски и социјален развој на нашето општество. Оддржливите развојни цели на ОН го нагласуваат пристапот до правда како основно човеково право чие остварување директно придонесува за целосна реализација на останатите човекови права на граѓаните.
Затоа неопходно е надлежните институции да обезбедат помош и поддршка со цел олеснување на пристапот до правда за ранливите групи на граѓани.
Пристапот до правда е поврзан и со еднаквоста, сиромаштијата, родовата еднаквост, заштитата од дискриминација, но и социјалниот статус на граѓаните. Граѓаните кои што се посиромашни имаат најчесто отежнат пристап до правда. Кога се зборува за пристапот до правда, мора да се знае дека институциите мора да бидат транспарентни, информациите за граѓаните треба да бидат лесно достапни, а граѓаните да си ги знаат своите права. Меѓутоа кај нас довербата на граѓаните во судството и институциите како клучен елемент до пристапот до правда е на ниско ниво. Се донесе новиот закон за бесплатна правна помош, кој што сметаме дека ќе го унапреди пристапот до правда на граѓаните, но клучно е доследното спроведување на овој закон.