23 причини зошто Елизабет Тејлор беше најголемата активистка за СИДА

23 причини зошто Елизабет Тејлор беше најголемата активистка за СИДА

Тејлор беше една од првите славни личности која се залагаше за активизмот за СИДА, долго пред тоа да стане популарна кауза. Таа ја искористи својата слава за да привлече внимание кон епидемијата и да ги натера луѓето да ги отворат своите паричници. Нејзиното активистичко наследство продолжува да живее со нејзината организација Elizabeth Taylor AIDS Foundation, како и со оние органозации кои таа помогна да се основаат, како amfAR, и оние организации именувани во нејзина чест, како Elizabeth Taylor Medical Clinic во Вашингтон ДЦ.

Подолу ги споделуваме деталите од активистичкото наследството на Тејлор како активистка за СИДА. Нема да се роди друга како неа.

1. Таа беше претседател на првиот американски фонд за финансирање на средства за ХИВ / СИДА.

Во 1985 година, кога веќе неколку нејзини пријатели беа разболени, Тејлор се согласи да претседава со проектот за СИДА – вечерата Посветеност кон животот во Лос Анџелес, еден од првите големи настани за СИДА во САД. Таа и нејзиниот публицист Чен Сем ја организираа вечерата од една мала канцеларија која таа ја изнајмила. „Не сакав да бидам почесна гостинка“, изјави таа. „Сакав всушност да ја завршам работата, да направам телефонски повици, затоа што не беше едноставно“.

Но, многу познати личности не сакаа да бидат поврзувани со стигматизираното заболување. „Никогаш немав добиено толку многу негативни одговори“, се сеќава таа. „Тие не сакаа да дојдат на вечерата, не сакаа да бидат поврзувани. Некои многу големи имиња рекоа „не“. Луѓето не само што ми треснаа врата в лице, туку и добив смртни закани “.

Таа сепак успеа да привлече некои големи sвезди да учествуваат, меѓу кои Мадона и Ворен Бити, Семи Дејвис Џуниор, Шер, Стиви Вондер, Синди Лопер и Берт Рејнолдс. Беа прочитани и изјави во име на Рок Хадсон и претседателот Реган. Настанот му донесе на Проектот за СИДА над 1 милион долари, што е двојно повеќе од очекувањата на организацијата.

2. Таа беше ко-основачка на Национална фондација за истражување на СИДА.

Во 1985 година, Тејлор и д-р Мајкл Готлиб ја основаа Националната фондација за истражување на СИДА во Лос Анџелес за проучување на вирусот, барање лек и помош на луѓето кои живеат со СИДА.

3. Таа помогна во основањето на amfAR.

Во еден момент, Националната фондација за истражување на СИДА се спои со Фондацијата за медицински истражувања за СИДА на д-р Матилде Крим, за да стане Американска фондација за истражување на СИДА, или amfAR. Крим и Готлиб ја основаа споената група, а Тејлор беше нејзиниот меѓународен основачки претседател. Фондацијата, исто така, доби 250,000 американски долари оставени од Рок Хадсон во неговиот тестамент.

4. Таа ја основаше Фондацијата за борба против СИДА Елизабет Тејлор.

Добитичката на Оскар ја основаше Фондацијата за борба против СИДА Елизабет Тејлор (ЕТАФ) во 1991 година за поддршка на организации кои даваат директна грижа и услуги на луѓето кои живеат со ХИВ / СИДА, честопати занемарен аспект на епидемијата. Таа доби средства за фондацијата продавајќи ги фотографиите од нејзината свадба со Лери Фортенски на списанието People за 1 милион долари.

Денес, ЕТАФ обезбедува средства за програми за образование и застапување за превенција на ХИВ ширум светот. До денес, повеќе од 675 организации во 44 земји имаат корист од финансирањето на ЕТАФ.

5. Таа ја искористи својата слава за да им помогне на луѓето со ХИВ / СИДА.

„Сфатив дека можам да отворам одредени врати со своето име – и не зборувам како актерка“, изјави Тејлор за Vanity Fair во 1992 година. Сфатив дека славата која ја презирав толку многу време и од која се обидував да се оддалечам – но никогаш не успеав да и’ избегам – можам да ја искористам за да направам нешто добро. Сакав да се пензионирам, но таблоидите не ми дозволуваа. Затоа, си помислив: ако веќе си играте со мене, тогаш ќе ве искористам.“

6. Но тоа не го правеше за да привлече внимание.

„Таа работеше тивко, без медиуми, без печат“, рече пријателката Кети Ирланд за Entertainment Tonight. „Влегуваше во болница и ги прегрнуваше пациентите кои немаа почувствувано човечки контакт“.

„Нејзините адвокати и’ велеа да не се вклучува во активизмот за СИДА“, изјави Тим Менделсон, нејзиниот личен асистент, а сега и управник на нејзиниот имот и офицер на Фондацијата за СИДА Елизабет Тејлор. „Таа добиваше смртни закани. Кога во 2007 година ја играше Љубовни писма со Џејмс Ерл Џонс, баптистите од Вестборо протестираа. Кога во 1998 година направи марш со свеќи во Д.Ц, доби многу негативни реакции. Но, таа никогаш не се грижеше “.

7. Таа се бореше кога никој друг во Холивуд не сакаше.

„Кога се соочив со лицемерието, се почувствував ужасно“, рече Тејлор. „Индустријата знаеше дека хомосексуалците се тешко погодени, но наместо да им се подаде рака и да им се каже,‘ Вие помогнавте да стигнеме таму каде сме денес, без вас немаше да успееме“, тие им го свртеа грбот“.

Исфрустрирана од апатијата и одбивањето, „Се сеќавам дека се жалев,‘ Зошто никој не прави ништо? Зошто никој не собира пари? “, изјави таа. „И ме удри како молња: Чекај, јас ништо не правам“.

8. Таа помогна да се донесе законот Ryan White Care.

Во 1990 година, Тејлор сведочеше пред Конгресот за потребата од овој закон, кој обезбедува третман за Американците со ниски приходи со ХИВ / СИДА. Дури и хомофобичните републиканци беа заслепени: Vanity Fair извести за републиканец од Јута, Орин Хач, „дека ја напуштил расправата окезен како ученик кој штотуку бил бакнат од матурската кралица“.

„Може да им објаснувате на сенаторите која е Анџелина Џоли, но никој не мораше да објаснува која е Елизабет. Таа беше таа за нив “, рече Мајкл Исковиц, главниот советник на сенаторот Едвард Кенеди за ХИВ. „Сум видел многу познати личности кои доаѓаат на Хил да се појават пред Конгресот, но апсолутно никој немаше ефект како неа“.

9. За неа беше лично.

Тејлор изгуби многу пријатели во првите години на епидемијата, вклучително Халстон, Херб Ритс и, се разбира, Рок Хадсон. Нејзиниот личен секретар, Роџер Вол си го одзеде животот во 1991 година, наместо да подлегне на пустошот на СИДА.

Но, вирусот влијаеше и на нејзиното семејство: Во 1984 година, снаата на Тејлор, Ајлин Гети, стана се’ повеќе депресивна по раѓањето на нејзиниот син. Тејлор ја однесе на патување во Париз, каде беше упатена во име на amfAR. Изложена на работата на нејзината свекрва, Ајлин се повеќе се грижеше дека нејзиното минато на користење дроги, значи дека може да биде ХИВ-позитивна. Тејлор и’ даваше поддршка и беше утешна во текот на целото патување и, кога се вратија, и’ дозволи да отседне во нејзиниот стан во Бел Ер. Конечно, Гети направи ХИВ тест и дозна дека е навистина позитивна.

Тејлор остана стабилна, но Гети го напушти Бел Ер и се впушти во дроги и забави, верувајќи дека смртта од предозираност ќе биде „подостоинствена“ отколку да умре од СИДА. Таа и’ оддава почит на Тејлор, која ја нарекува мама, со тоа што и’ дала „сила и волја за живот“. „Без љубовта на Елизабет Тејлор во мојот живот, веројатно ќе бев мртва – ако не физички, тогаш емотивно“, рече Гети, која сега има 61 година, за The Advocate. „Мама ме сакаше низ срамот и ме држеше цврсто. Ова може да биде многу тешко: Ако направите нешто погрешно, понекогаш чувствувате дека сакате да бидете искарани или казнети за своите постапки, наместо да бидете сакани и поддржани. Мама само ме сакаше “.

10. Но тоа не беше причината за нејзината заложба.

„СИДА-та не и’ беше важна затоа што Рок Хадсон имаше СИДА или затоа што нејзината снаа имаше ХИВ. Таа се вклучи затоа што не можеше да издржи да гледа како луѓето страдаат “, вели Менделсон. „Таа страдаше од загуба, смрт и медицински проблеми, и имаше толку многу сочувство. Без разлика дали станува збор за пријател, член на семејство или странец, таа не можеше да престане да се обидува да помогне “.

11. Таа остана доследна.

„Таа не беше сноб“, вели Менделсон. „Таа повеќе ценеше дијаманти од Хари Винстон отколку оние на Zale, но таа не беше елитистка… Имаме белешки што таа ги напишала како дете [во архивите] и може да се види дека нејзиниот карактер не е променет. Таа ценеше сè што имаше и сè што и’ беше дадено “.

12. Но истовремено беше и сериозна.

“Беше многу јасна за своите идеи—постоеше права линија од Точка А до Точка Б,” се сеќава Менделсон. “Таа беше сериозна и значајна личност.”

13. И секогаш ја кажуваше вистината.

Тејлор порасна во златната ера на Холивуд, кога отворените дискусии за секс – било каков – беа строго забранети. Но, таа не се воздржуваше да биде јасна и отворена кога требаше да биде. На концертот за оддавање почит на Фреди Меркјури на Вембли во 1992 година, таа ја охрабри публиката: „Секојпат кога имате секс, користете кондом. Секој пат. Стрејт секс. Геј секс. Бисексуален секс. Користете кондом, кој и да сте “.

14. Таа го убеди Роналд Реган да го адресира прашањето за СИДА.

Претседателот Реган првично беше претпазлив во адресирањето на ХИВ заради потенцијално отуѓување на неговата конзервативна база. Во 1987 година, Тејлор му пишала лично, барајќи од него да го даде главното обраќање на галата за прибирање финансиски средства на amfAR.

„Вашето учество на вечерата би значело многу не само за Американската фондација за истражување на СИДА, туку и на луѓето, како мене, кои се критички загрижени за влијанието на растечката„ епидемија на СИДА “, напиша таа. „Тешко ми е да опишам со зборови колку би ми значело мене лично и на сите нас, кои се обидуваме да најдеме лек за оваа болест, ако вие [и г-ѓа Реган] ја прифатите мојата покана.“

Реган се согласи: „Америка се соочува со болест што е фатална и се шири“, рече тој во своето обраќање. „И ова повикува на итност, а не паника. Повикува на сочувство, а не на вина. И повикува на разбирање, а не на игнорантност “.

15. Таа дури го убеди Боб Хоуп да настапи на галата за СИДА.

Тејлор не само што присуствување на галата Gift of Life gala во 1986, туку го убеди комичарот ветеран да ја води манифестацијата. Приходите од настанот, меѓу кои и аукцијата на арапски коњи, изнесуваа повеќе од 800.000 американски долари.

16. Таа допринесе во популаризација на црвената машна.

Групата Визуелна СИДА ја дебитираше машната како симбол на поддршка за луѓето кои живеат со ХИВ / СИДА на церемонијата на Тони наградите во 1991 година. Но, следната година, кога Тејлор ја носеше машната на Оскарите во 1992 година, светот ја забележа. „Кога Елизабет Тејлор ја закачи, таа стана меѓународно познат симбол на свеста за СИДА“, рече директорот на Визуелна СИДА, Нелсон Сантос. „Ретко беше видена без црвената машна“.

17. Таа го лиценцираше парфемот White Diamonds, за да собере повеќе средства за каузата за СИДА.

Според Менделсон, „Џо Спелман, кој работеше со Елизабет на нејзините парфеми, ми кажа дека причината што таа сакала да продава парфеми е што и’ требале повеќе време и пари за да се посвети на работата за СИДА. Филмовите и’ одземаа премногу време “.

18. Таа не се плашеше да ги прозива луѓето.

„Сметам дека претседателот Буш не прави ништо во врска со СИДА“, рече таа пред присутните на Осмата меѓународна конференција за СИДА во јули 1991 година. “„Всушност, не сум сигурна дали тој знае како да напише СИДА “.

19. Таа направи геј-мажите да се чувствуваат добредојдено.

Тејлор имаше пријателства со познати геј мажи – Роди Мекдонел, Монтгомери Клифт, Тенеси Вилијамс, Ноел Коуард, Малколм Форбс. Но, Менделсон вели дека врската се прошири и надвор од Холивуд: „Кога бев во светот на Елизабет, се чувствував безбедно и не бев осудуван [за тоа што сум геј]. Се чувствував целосно прифатено.“

20. Таа излегуваше и се дружеже во Abbey.

„Бевме излезени еден ден после лекарски преглед и баравме место за дружење“, се сеќава Менделсон. „Елизабет не одеше во геј барови – не затоа што не ги одобруваше, туку затоа што не сакаше внимание. Беше четврток попладне и беше рано, па затоа предложив да одиме во Abbey. Само што нарачавме мезе и по малку време, во барот се собраа неколку постари геј мажи. Откако малку се напија, собраа храброст да разговараат со неа. Еден од нив со солзи во очите и’ раскажуваше како му го спасила животот “.

Тие се вратиле следната вечер, но папараците биле насекаде. „Таа рече: Не доаѓам,“, додава Менделсон. „Знаев дека Револвер има задна соба, па отидовме таму и седнавме со менаџерот. Кога заминувавме, тој рече „Госпоѓо Тејлор, сакам да ви се заблагодарам за сè што направивте за нас.“ Таа одговори: ‘Драги, јас сум сè уште тука! Ако ви треба нешто, само кажете му на Тим и ќе дојдам веднаш. “”

Тејлор живееше во Бел ер – хомосексуалците од WeHo беа нејзини соседи. „Таа направи многу во својот живот за нас и беше подготвена за повеќе“, вели Менделсон.

21. Дури и по смртта, таа постојано даваше.

Тејлор почина на 79 годишна возраст во 2011 година, насочувајќи дел од профитот од нејзините бизниси, како што е White Diamonds, за поддршка на Фондацијата за СИДА Елизабет Тејлор.

22. Таа го научи своето семејство да се бави со активизам.

Многу од внуците и правнуците на Тејлор се вклучени во Фондацијата за СИДА Елизабет Тејлор — внукот Квин Тиви се појави на The View за да и’ ја додели наградата Елизабет Тејлор за наследство на водителката Вупи Голдберг во 2016 година. (Тиви исто така откри дека фондацијата обезбедила 4 милиони долари средства за да им помогне на луѓето со СИДА во Малави.)

Додека Тејлор беше славена за нејзината убавина и талент, внуката Лејла Вилдинг изјави за People, „Би сакала таа да биде запаметена како некој што застана цврсто за себе и за другите. На овој начин, таа беше одличен пример за мене “.

23. Таа никогаш не се предаде.

Во раните години на епидемијата, не постоеше многу надеж. Но, Тејлор ги надмина скандалот, зависноста, хендикепот и смртта на најблиските – таа не се предаде на очајот.

„Само продолжуваш“, рече таа еднаш славно. „Се присилуваш да станеш. Се присилуваш да ја ставиш едната нога пред другата, и по ѓаволите, одбиваш да те стигне. Се бориш. Плачеш. Пцуеш. И продолжуваш да живееш. Така успеав. Нема друг начин “.

Извор