23 Jul Конкурс за работен ангажман – Проектен/на асистент/ка
Коалицијата МАРГИНИ објавува конкурс за работно ангажирање на определено работно време на работното место: Проектен/на асистент/ка. Работниот ангажман е до крајот на годината со можност за продолжување.
Работи задачи:
- Административно-техничка поддршка на проекти
- Логистика и организирање на тренинзи и конференции поврзани со правата на маргинализираните заедници
- Спроведување на дневен прес клипинг и спроведување на комуникациските активности на Коалицијата
- Асистирање во спроведувањето на активностите од Мрежата за заштита од дискриминација
Кандидатите/ките треба да ги исполнуваат следните услови:
- Завршен факултет (општествени и хуманистички науки)
- Познавање на англиски јазик
- Познавање на работа со компјутер
Предност ќе имаат кандидатите/ките кои:
- Имаат искуство и познавања од областа на човековите права.
- Имаат искуство во работа со маргинализирани групи.
- Имаат искуство во граѓанска организација.
- Имаат изградени капацитети за тимска работа, комуникациски вештини, самоиницијативност и посветеност.
Рок и начин на аплицирање
Заинтересираните кадидати/ки треба да ги испратат следните документи, најдоцна до 15.08.2019 година 17:00 часот на koalicijaszpmz@gmail.com со назнаката „Конкурс за проектен асистент/ка“:
- Кратка биографија
- Скенирана диполома или уверение за завршен факултет
- 1 препорака, доколку кандидатот/ката има претходно работно искуство
Кандидатите/ките кои не се во можност бараните документи да ги достават на e-mail адреса, истите можат да ги достават на адреса: ул. Франклин Рузвелт бр. 8/1-7, 1000 Скопје, најдоцна до 15.08.2019 година 17:00 ч. часот.
Начин на избор на кандидатите/ките:
Кандидатите/ките кои ќе ги достават бараните документи и ќе влезат во потесен круг на избор ќе бидат повикани на интервју. Известување за резултатите од конкурсот, кандидатите/ките ќе добијат на e-mail најоцна до 20.08.2019 г. Избраниот/ната кандидат/ка се очекува да почне на работното место од 01.09.2019.