Pussypedia одговара на сите прашања во врска со репродуктивното и сексуалното здравје

Pussypedia одговара на сите прашања во врска со репродуктивното и сексуалното здравје

Благодарение на новата веб-страница наречена Pussypedia, веќе не мора да се потпирате на Google за да најдете одговори на прашања за здравјето. Освен тоа, вие веројатно сте свесни дека постојаѕ многу погрешни информации на интернет, особено кога станува збор за репродуктивното или сексуалното здравје.

На сличен начин размислувала и Zoe Mendelson, новинарка од Мексико, која по неуспешното Google пребарување “Дали жените може да сквиртаат?“, заедно со нејзината пријателка, уметницата Maria Conejo, одлучила да отвори веб-страница која ќе обезбеди објективни, веродостојни и разбирливи информации за оваа и слични теми. Тоа и го постигнале, благодарение на crowdfunding кампањата на Kickstarter, со која обезбедиле 22.000 долари.

Pussypedia е “бесплатна, двојазична (англиска/шпанска), инклузивна енциклопедија на вагината”, која обезбедува информативни текстови за разни теми, од тоа како да се одржи вагиналната хигиена, до мастурбација, спречување на сексуално преносливи болести и абортуси.

Ако тргнеме од премисата дека знаењето е моќ, јасно е дека ни треба повеќе познавање на нашите тела. Знаењето е алатка за воспоставување контрола. Ако немаме контрола над сопствените тела, не можеме целосно да ги поседуваме, и ако тие не ни припаѓаат нам, тогаш кому му припаѓаат? “, изјавува Mendelson.

Во процесот на собирање информации, Mendelson и Conejo соработувале со околу сто уметници и новинарки. “Сè што објавуваме”, вели Mendelson, “е хипер-верификувано од гинеколози и други експерти”, а исто така користат и внимателно избрани и потврдени податоци од други извори, како што се медицински списанија или веб-страници. Сепак, таа нагласува дека Pussypedia не е замена за професионален медицински совет, дијагноза или терапија, и дека во случај на здравствен проблем, посетителките треба да се консултираат со својот лекар.

Mendelson и Conejo објаснуваат дека го избрале зборот “pussy”, што тука означува “комбинација на вагина, вулва, клиторис, матка, мочен меур, ректум, анус и можеби по некој тестис”.

Во денешно време е неправедно да не знаеме како функционираат нашите тела. Како можеме тогаш да ја контролираме нашата сексуалност и бременост? Мислам дека повеќето од проблемите во мојата земја, Мексико, произлегуваат од недостаток на образование воопшто. И кога зборуваме за сексуално воспитување, тоа е нешто страшно, секогаш избегнувано или третирано како нешто лошо, грешно, поради религијата и мачо културата. Обезбедувањето проверени и достапни информации е едно од решенијата. Треба да се едуцираме “, вели Conejo. Fast Company/Dame

Извор