Rachael Young & marikiscrycrycry на Skopje Pride Weekend 2019

Rachael Young & marikiscrycrycry на Skopje Pride Weekend 2019

9 јуни (недела)
20:00 ч.
Младински културен центар (МКЦ)

 

АУТ (OUT)
Автор: Рејчел Јанг, со Двејн Ентони (Rachael Young, with Dwayne Antony)
Изведба: Рејчел Јанг и Марикискрајкрајкрај (Rachael Young and Marikiscrycrycry)

 

АУТ го обработува преобликувањето на една личност за да се вклопи подобро во средината; да биде доволно црна, доволно стрејт, Јамајчанец… Со цел да се предизвика хомофобијата и трансфобијата во рамките на нашите заедници, АУТ претставува разговор меѓу две тела; нова уметност во живо/танцов перформанс, при што повторно се навраќаме на денсхол-музиката и го славиме квир, меѓу другото, преку горчливиот вкус на портокалите. Со прифаќање на личните, политичките и културните дисонанции, овој чин на самоизразување ја пробива тишината, свикува гласови и реконструира движења во една подивена мешавина сочинета од сеќавања и повторни откривања.

АУТ е создаден со поддршка од Советот на уметности на Англија, Театарот „Марлборо“, Театарот „Јард“, ИБТ, Театарот „Curve“ во Лестер, танцовата група „South East Dance“ и Универзитетот во Гринич.

Добитник на наградата „South East Dance ‘A Space to Dance’ Brighton Fringe“ за 2017 година.
Номиниран за наградата „Total Theatre & The Place Award for Dance, Edinburgh Fringe“ за 2017 година.

 

www.rachaelyoung.net/projects/out

 Рејчел Јанг е наградувана уметница, а нејзините интердисциплинарни перформанси постојат на границата меѓу живата уметност, современиот театар и општествено ангажираната пракса. Во делата создава простор за истражување и славење на интерсекционалните реалности и за еволуирање на алтернативните наративи и форми со цел истите да бидат слушнати. Неодамнешното шоу OUT и NIGHTCLUBBING наидоа на позитивен прием; со OUT ја доби наградата на Брајтон за 2017 година South East Dance A Space to Dance, и беше номинирана за Наградата за танц Total Theatre & The Place на Единбург Фринџ. Во моментов е на национална и меѓународна турнеја со овие две дела.

Малик Нашад Шарпе (р. 1992 г., Њујорк) е уметник и кореограф, создава перформанси, понекогаш и други нешта, под псевдонимот marikiscrycrycry, надградувајќи ја својата работа врз експериментална танцова пракса засeгната со онтолошка експанзија, создавајќи нови рамки за постоењето (како црнец), со примена на кореографската форма како активна алатка што на можноста ѝ ја дава материјалната функција и субјективитет. Делата на marikiscrycrycry претставуваат нарушени/уредени светови кои го ставаат во центарот маргиналното знаење, скриената логика и политички резонантни модули со кои се проблематизираат и разоружуваат очекуваните погледи. Создава кореографии преку кои се ставаат во движење условите неопходни да се пристигне на друго место, со цел да се постигне тврдоглавата слобода. Живее во Лондон, и често настапува во театри, галерии и фестивали ширум Велика Британија и светот.