Промоција на книга: Како да се биде геј од Дејвид Халперин

Промоција на книга: Како да се биде геј од Дејвид Халперин

8 јуни (сабота)

13:30 ч.

Супкултурен центар „Shortbus“

Промоција на книга

Како да се биде геј

Дејвид Халперин

Превод: Огнен Чемерски
Издание: ТЕМПЛУМ
* Промоцијата ќе биде проследена со предавање на Дејвид М. Халперин

 

Не би било воопшто чудно ако забележите дека кога го местиш мебелот на одреден начин, изнасилено превртуваш со очите во зачуденост, слушаш техно-музика или кабаретски музички теми и ги знаеш на памет најпознатите реплики од филовите со Бет Дејвис веројатно си геј. Но, доколку изјавите дека машката хомосексуалност претставува културна практика и со неа се искажува уникатна субјективност и карактеристичен однос во мејнстрим-општеството веднаш ќе наидете на приговори. Ќе ве обвинат дека таква претпоставка е стереотипна, смешна, површна, политички неодговорна и сомнителна од морален аспект. Светот ја препознава машката геј култура како факт, но ја негира како вистина.

Дејвид Халперин, пионер во ЛГБТК-студиите, смело навести дека да се биде геј претставува конкретен начин на постоење што геј мажите мораат да го научат еден од друг за да бидат тоа што се. Инспирирано од истоимениот ноторен предмет од додипломските студии на Универзитетот во Мичиген, каде што го предава Халперин, меѓу другото и со излив на гневни провокации од страна на десничарските медиуми, но и од геј печатот, делото „How to be gay“ ја трасира културната разлика кај геј мажите во општественото значење на стилот.

Халперин не се плаши од стереотипите кога заклучува дека генијалноста во геј културата се наоѓа во нејзините најпрезрени карактеристики: естетиката, снобизмот, мелодрамата, поклоништвото кон гламурот, карикирањето на жените и опсесијата со мајките. Увидот, дрскоста и непоколебливата критичка интелигенција на геј културата, според Халперин, можат многу да придонесат кон хетеросексуалниот мејнстрим.

Дејвид М. Халперин е класицист; неговите први објавени текстови обработуваат теми од поетиката од хеленистичкиот период и античката грчка филозофија. Во моментот работи со историја на сексуалноста, лезбејски и геј студии, и феминистичка и квир теорија. Халперин е и соосновач на списанието GLQ: A Journal of Lesbian and Gay Studies, автор и уредник на десет книги, меѓу кои One Hundred Years of Homosexuality, The Lesbian and Gay Studies Reader, Saint Foucault, How To Do the History of Homosexuality, Gay Shame, How To Be Gay и The War on Sex. Ги држи предметите „The Culture of AIDS“, „Ancient Greek/Modern Gay Sexuality“ и „Bad Homosexuals“.