05 Mar Марш за женски права
Девојки, жени, мајки, сестри, баби, вработени, невработени, феминистки, активистки и сите оние кои сметаат дека женската борба за економска, политичка и социјална рамноправност е важна и сè уште трае!
На 8 Март, со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост и подготвени за предизвиците кои ни престојат на нас, по трет пат маршираме под слоганот „Дали е среќен 8 Март?“
Ве повикуваме да марширате заедно со нас со почеток во 12 часот од Жена Парк преку Плоштад Македонија, Камениот Мост, до плоштадот Филип Втори, за еднакви права, еднаква плата, достоинствен живот и должно почитување!
Се гледаме на марш!
https://www.facebook.com/events/617447188695197/?notif_t=event_calendar_create¬if_id=1551788015060187