Првиот транс, родово небинарен победник на Mythic Championship во Magic the Gathering

Првиот транс, родово небинарен победник на Mythic Championship во Magic the Gathering

Изминатиов викенд, во рамки на професионалниот турнир Mythic Championship – натпревар во играта со карти Magic the Gathering (со награден фонд од 500.000 долари), трансродова, родово-небинарна личност за прв пат во историјата го освои првото место. Веќе неколку месеци ја играм Magic со мојот син, па иако моите вештини не се приближно добри за на турнир, доволно сум запознаена за да бидам импресионирана. Би требало и вие!

Autumn Burchett, моментално државниот шампион на Англија, го освои меѓународното првенство Mythic Championship (претходно познато како Pro Tour) што се одржа во Кливленд, Охајо, со што стана “првата личност со англиско државјанство што победила на ниво на Премиер Лига, како и првата транс, родово-небинарна личност-шампион меѓу сите Pro Tour и Mythic Championship првенства”, напиша Hipsters of the Coast, веб-сајт за вести поврзани со Magic. Burchett со својата победа дома понесе 50.000 долари. Компанијата зад Magic, Wizards of the Coast, за играта на Burchett напиша:

Повеќето од партиите во натпреварот од пет игри беа извонредно тесни сведувајќи ги на една или две одлуки. И покрај тоа што настапи за прв пат во недела на врвниот турнир, играта на Burchett беше кул и смирена. Доби извонредни критики од професионалците кои го следеа финалето; Burchett едноставно не можеше да се запре овој викенд.

По победата, друг гејмер твитна за инспирацијата што Burchett ќе им ја даде на играчите во локалните гејминг продавници, на што Burchett одговори: “Ако фактот што јас сум аутирана личност и постигнувам резултати направи барем една транс личност да се аутира и да биде своја … тоа е едноставно … сè. ”

За оние кои не се запознаени со играта, еве брз и во голема мера поедноставен преглед: секој играч мајсторисува со шпил од 60 карти на земји, магии, суштества, артефакти и други предмети од повеќе од 18.000 картички создадени од Magic во текот на својата 25-годишна историја . (Некои формати ги ограничуваат играчите на картичките од последниве години, кои секако се неколку стотици). ​​Тие потоа се натпреваруваат со крајна цел да ги намалат животните поени на противникот од 20 на нула, напаѓајќи го со суштества или други магии. Секоја картичка содржи ресурси, способности или акции кои позитивно или негативно влијаат на другите карти. Може да се создадат стратегии  за да се зајакнат или зголемат суштествата, да се контролира она што противникот може или не може да го стори, да се направи поефективно користењето на ресурсите кои “плаќаат” за фрлањето магии, и многу повеќе. Може да се создаде шпил што е брз и агресивен или под контрола и трпелив. Постои бескраен простор за креативност со прекрасно нацртаните картички на моќни волшебници, прикриени гоблини, масивни змејови, некромантски кошмари, духови на природата и херојски воини, меѓу другите. Картичките, исто така, формираат интегриран универзум преку длабока и поврзана позадина. Замислете си го механизмот за влечење карти од покер, помешан со мултидимензионалната стратегија на шахот и естетиката на Dungeons & Dragons (другата голема франшиза на Wizards of the Coast), и ќе добиете идеја за тоа како е.

Magic нуди многу креативност и забава, но исто така има и сериозна теорија на играта зад себе – наследството на нејзиниот пронаоѓач, математичарот Richard Garfield. Затоа победата на Burchett е толку импресивна.

Да не би помислиле дека ова е само глупава игра со карти: постојат над 20 милиони играчи на Magic од целиот свет и над 20 милијарди испечатени картички, на 11 јазици.

Wizards веќе неколку години се обидува да ги направи своите производи ЛГБТК инклузивни. Нивните правила од 2014 година за D&D експлицитно ги опфаќаат различните родови идентитети и сексуални ориентации, а една D&D авантура дури има и семејство со двајца татковци. Неколку Magic карти исто така прикажаа геј, небинарни, трансродови и асексуални ликови, како картичката од 2013 година Guardians of Meletis, која веројатно е првата која прикажува квир лик, како и преку подолги приказни на нивната веб-страница (како што е оваа за Alesha, кој е трансродова). Прекрасно е да се види дека производите се рефлексивни и охрабрувачки за вистинските ЛГБТК луѓе кои ги играат.

Погледнете го клипот подолу за да го слушнете интервјуто на Burchett во кое зборува за играчите кои не се цисродови, хетеросексуални и бели, за кои вели дека биле инспиративни и за кои се надева дека можат да имаат влијание врз другите играчи исто така.

Извор

https://clips.twitch.tv/ArtsyGentleWallabyFloof