Billy Porter носеше смокинг со фустан на црвениот тепих на Оскарите

Billy Porter носеше смокинг со фустан на црвениот тепих на Оскарите

Мајко, не бевме спремни за ова!

Ѕвездата на серијата Pose, Billy Porter пристигна на црвениот тепих на 91-то издание на Оскарите облечен во црна креација на Christian Siriano, комбинација на смокинг и фустан која се поигрува со родовата бинарност на најдобриот можен начин.

Со изглед и на гувернер и на гувернанта, Porter искажа врвен став во контекст на она што обично е предвидлив и родово-рестриктивен црвен килим. Добитникот на наградата Out 100 пристигна со неговиот сопруг Adam Smith, освојувајќи ги Оскарите пред воопшто да започнат. Според Vogue, Porter за неговата улога на водител на шоуто на црвениот килим и забавата после Оскарите се појави во поопуштена варијанта во палацо панталони.

За Porter не е невообичаено да си поигрува со родот на црвените килими. На Златните глобуси, Porter носеше костум по мерка и розева наметка извезена со шарени цвеќиња. Тој, исто така, присуствуваше и на Ручекот на американскиот филмски институт, облечен во свилен фустан со златен повез, во комбинација со соодветен блејзер и шамија за глава.

“Една од работите што ги сфатив е дека секогаш сум имал сензибилитет за облека со родова флуидност, а тоа секогаш беше пресретнувано со хомофобија”, тој изјави за New York Times.

“Шоу-бизнисот настојува да се маскира како инклузивен и разновиден”, изјави Porter, критикувајќи го традиционализмот на некои модни куќи. “Кога ги бараме куќите за машка и женска облека, добиваме одговор:” Сметаме дека не треба да го носиш тоа “.”

Неодамнешното издигнување на Porter како икона на стилот за време на циклусот на различните доделувања на награди му ја донесе титулата за машки амбасадор на Њујоршката модна недела во февруари. “Сметам дека помладите се многу поотворена за експериментирање и родова флуидност”, изјави тој за WWD. “Заинтересиран сум за поврзување со дизајнери со кои можам да соработувам”.

Стандардот е поставен! Гази, Porter. Згази ги.

EDIT: Инаку, Billy со својот изглед му оддаде почит на легендарниот кум на House of Xtravaganza – Hector Xtravaganza. Hector почина пред околу 2 месеци и беше легенда на ballroom сцената. Тој исто така беше еден од продуцентите на серијата Pose во која игра Billy Porter. Геј икона и легенда.

Извор