11 Feb Национален форум |(Не)Достапни податоци за мерење на пристапот до правда
Коалицијата Маргини во партнерство со Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ, организира Национален форум за презентирање на извештајот за имплементирањето на одржливата развојна цел на Обединети Нации „Промовирање на владеењето на правото и обезбедување на еднаков пристап до правда за сите“. Националниот форум се организира во хотел Холидеј Ин во Скопје, на ден 14ти февруари 2019 година, од 11:00 до 13:30 часот.
Целите за одржлив развој (SDG’s) претставуваат глобален повик за акција на ОН за да се стави крај на екстремната сиромаштија, да се обезбеди одржлива иднина, заштита на животната средина и да се овозможи луѓето да уживаат еднаквост мир и правда. Притоа, целта за пристапот до правда е препознаена како посебна одржлива развојна цел, чија имплементација директно придонесува за економскиот развој на општеството.
Препознавајќи го значењето на пристапот до правда како посебна развојна цел, Коалицијата Маргини и Здружението ЕСЕ, со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ), иницираа процес на промовирање на оваа развојна цел и потребата за нејзино имплементирање во нашето општество. За таа цел, во текот на минатата година беше подготвен основен извештај за состојбите со владеењето на правото и пристапот до правда во нашата држава. Главните наоди од извештајот ќе бидат презентирани на Националниот форум, на кој учество ќе земат претставници на владата, министерствата, институциите, граѓанските организации и меѓународните организации кои работат на ова поле.
АГЕНДА
11:00 – 11:15 Отворање на форумот • говорници: • Оливер Ристовски – Заменик Министер за правда • Фани Каранфилова-Пановска – Фондација Отворено општество – Македонија • Јасминка Фришчиќ – Здружение ЕСЕ 11:15 – 12:30 Презентација на наоди од анализа • говорници: • Наташа Бошкова – Коалиција Маргини • Драгана Дрндаревска – Коалиција Маргини • Марија Гелевска – Здружение ЕСЕ • Стојан Мишев – Здружение ЕСЕ • Јасминка Фришчиќ – модераторка |