Национален форум |(Не)Достапни податоци за мерење на пристапот до правда

Национален форум |(Не)Достапни податоци за мерење на пристапот до правда

Коалицијата Маргини во партнерство со Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ, организира Национален форум за презентирање на извештајот за имплементирањето на одржливата развојна цел на Обединети Нации „Промовирање на владеењето на правото и обезбедување на еднаков пристап до правда за сите“. Националниот форум се организира во хотел Холидеј Ин во Скопје,  на ден 14ти февруари 2019 година, од 11:00 до 13:30 часот.

Целите за одржлив развој (SDG’s) претставуваат глобален повик за акција на ОН за да се стави крај на екстремната сиромаштија, да се обезбеди одржлива иднина, заштита на животната средина и да се овозможи луѓето да уживаат еднаквост мир и правда. Притоа, целта за пристапот до правда е препознаена како посебна одржлива развојна цел, чија имплементација директно придонесува за економскиот развој на општеството.

Препознавајќи го значењето на пристапот до правда како посебна развојна цел, Коалицијата Маргини и Здружението ЕСЕ, со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ), иницираа процес на промовирање на оваа развојна цел и потребата за нејзино имплементирање во нашето општество. За таа цел, во текот на минатата година беше подготвен основен извештај за состојбите со владеењето на правото и пристапот до правда во нашата држава. Главните наоди од извештајот ќе бидат презентирани на Националниот форум, на кој учество ќе земат претставници на владата, министерствата, институциите, граѓанските организации и меѓународните организации кои работат на ова поле.

АГЕНДА

11:00 – 11:15  Отворање на форумот    говорници:

  Оливер Ристовски – Заменик Министер за правда

  Фани Каранфилова-Пановска – Фондација Отворено општество – Македонија

  Јасминка Фришчиќ – Здружение ЕСЕ

11:15 – 12:30   Презентација на наоди од анализа  •  говорници:

  Наташа Бошкова – Коалиција Маргини

  Драгана Дрндаревска – Коалиција Маргини

  Марија Гелевска – Здружение ЕСЕ

  Стојан Мишев –  Здружение ЕСЕ

•  Јасминка Фришчиќ – модераторка