Фестивал Ѕуница (18-21 април 2012)

Фестивал Ѕуница (18-21 април 2012)

Денес започнува седмото издание  на Фестивалот Ѕуница кој ќе се одржи во киното Фросина во Скопје. Фестивалот ќе трае до 21-ви април 2012-та.

 

 

Програма на фестивалот:

 

 

18-ти април, среда

19:30 – Отварање на фестивалот

 

20:00 – Викенд (режија: Andrew Haigh)

Еден викенд, помеѓу барови и спални, алкохол и дрога, раскажување приказни и секс, два мажи се запознаваат. Што се’ може да донесе секс за една вечер?

 

 

19-ти април, четврток

20:00 –Може да ме викате Трој (режија: Scott Bloom)

„Може да ме викате Трој“ е вистинска инспиративна приказна за извонредна и инспиративна личност која е декади пред своето време.

 

 

20-ти април, петок

19:30 –Порно мелодрама (режија: Romas Zabarauskas)

 Овoј краток филм претставува драматична приказна за опасноста од љубовта, борбата да се емигрира од хомофобичната Литванија и работата како порно ѕвезда.

 

20:00 – Созависна вонземјанка лезбејка бара исто (режија: Madeleine Olnek)

Филмот ги следи авантурите и искуствата на три вонземјанки од планетата Зотс, испратени во мисија на планетата Земја за да се ослободат од романтичните емоции, кои се сметаат за токсични на нивната планета.

 

 

21-ти април, сабота

19:00 – Како постанав Чез (режија: Fenton Bailey, Randy Barbato)

 Документарен филм за промената на полот на Чез (претходно Чесити) Боно. Филмот вклучува интервјуа со Шер и останатите членови и пријатели на семејството.

 

20:30 – затворање на фестивалот и забава

 

Преземете ја програмата во пдф формат –Ѕуница фестивал 2012