06 Dec Tumblr објави дека ќе ја забрани содржината за возрасни по 17 декември
Минатата недела, Врховниот суд ги слушна аргументите од случајот кој тврди дека Apple има нелегална монополска моќ над App Store на iOS и на тој начин и над апликациите што се користат на iPhone-и. Денес, Tumblr објави дека повеќе нема да дозволи порнографија на својата платформа по 17 декември.
Со својата масовна дистрибуција и строги правила, Apple App Store има широк хомогенизирачки и санирачки ефект на интернет. IOS апликацијата на Tumblr е недостапна од 16 ноември, бидејќи на страницата била најдена детска порнографија (апликацијата не е отстранета од Google Play Store).
Ниту една веб-страница не треба да дозволи детска порнографија, очигледно. Но, илјадници сајтови успеваат да направат ефективна контрола за да ги задржат своите платформи без детска порнографија, истовремено дозволувајќи содржини за возрасни. По отстранувањето од App Store, но пред објавата дека ќе ги забрани сите содржини за возрасни, Tumblr почна да чисти некои NSFW уметници од страницата.
Во понеделникот, Tumblr објави дека целосно ќе ги забрани содржините за возрасни. Во блог пост, извршниот директор на Tumblr, Jeff D’Onofrio, напиша дека “нема недостиг на веб-сајтови на кои има содржини за возрасни”.
Но, има се’ помалку мејнстрим сајтови и услуги кои ги поддржуваат порнографските и содржините за возрасни, а ваквиот став се зголеми со строгите контроли на Apple над App Store и iOS екосистемот. Steve Jobs сугерираше дека “луѓето кои сакаат порно можат да купат телефон со Андроид”, а Apple постојано ја користи својата моќ над милиони паметни телефони за да ги деактивира апликациите што се достапни на iPhone-ите. Apple не дозволува апликации “кои содржат кориснички генерирани содржини кои често се порнографски”. Во 2016 година, Apple ги избриша сите апликации на Reddit од трети лица кои им овозможуваа на корисниците да ги вклучуваат и исклучуваат NSFW објавите; дури и сега, невозможно е да се пристапи до порнографија на апликацијата Reddit на iOS , освен ако не скокнете низ разни обрачи.
Не е целосно јасно дали Tumblr ја донесе оваа конечна одлука под притисок на Apple, или затоа што чувствуваат како да не можат компетентно да ја модерираат платформата. Но, одлуката да се ослободи од целосната содржина за возрасни е конзистентна и со корпоратизацијата и санитизацијата на интернетот под водство Apple.
Одлуката на Tumblr е уште поразочарувачка, бидејќи во објаснувањето на D’Onofrio е очигледно дека раководството на Tumblr не ја разбира важната улога што Tumblr ја има во заедницата за возрасни содржини.
Раководството на Tumblr верува дека заедницата која го користи Tumblr за содржини за возрасни е истата како и секоја друга порнографска страница – покажувајќи сериозна неповрзаност со тоа како нивните корисници всушност комуницираат и се поврзуваат на платформата. “Ќе им оставиме простор и ќе ги фокусираме нашите напори за создавање на најприфатливото опкружување кое е можно за нашата заедница”, напиша тој.
Вредноста на Tumblr за NSFW креаторите и обожавателите беше во автономијата да курираат нешто оригинално и слободата да го изразат и споделат она што ги интересира – нешто што не може да се замени со алгоритамски предложената порнографија на остатокот од интернет.
Ова станува се’ помалку вистинито со последиците од Актот за борба против онлајн трговијата со сексуални услуги, потпишан во април, бидејќи сајтовите целосно се затворени поради страв од реперкусии за хостирање на содржини за возрасни.
“За многумина, тоа е единственото место каде можеме да најдеме порнографија која нè претставува, креирана од инди изведувачи кои сопствената содржина ја создаваат надвор од расистичката, трансмизогинистичка, дебелофобна индустрија”
Ова е очигледно веќе некое време. Во февруари, Tumblr постави Safe Mode за сите свои корисници, со што креаторите на содржини за возрасни станаа невидливи за остатокот од платформата, освен ако корисниците не ја исклучат функцијата мануелно.
Во ноември, некои корисници на Tumblr почнаа да известуваат дека се банирани без предупредување – во некои случаи и долгорочно – за објавување на NSFW содржини. Тука спаѓаат сексуално-тематските постери и илустрации и сексуалните работници кои ја користат платформата за продажба на налози на обожавателите.
“Смешно е што забрануваат содржини за возрасни, со оглед на дека тоа е дел од она што ја направи нивната платформа популарна првично, а не можат да се справат со вистински говор на омраза, крстоносците кои се држат до максимата “помислете на децата” кои напаѓаат секого што сметаат дека не е во право или нацистичко срање”, изјави Abigail Sin, која го користи Tumblr за NSFWсодржини, како и за сопствената сексуална работа. “Кога велам смешно мислам бесмислено. Постојат уметници кои престанаа да создаваат поради срамот што го стекнале таму – од закани за силување до смртни закани.” Sin изјави за Motherboard дека планира да го затвори својот Tumblr и ќе се обиде да најде нова платформа за нејзината содржина .
Ова е уште еден пример за платформа која ги игнорира содржините за возрасни кои и’ помагаат на платформата да процвета, а потоа ги остава тие корисници на цедило кога ќе дојде време да се бори за некоја монетарна добивка или да си го избели образот. Покрај тоа што ова е ужасен начин за третман на вашата корисничка база, забраната на содржините за возрасни на Tumblr ќе задуши многу креативност.
Robert Yang, дизајнер на игри кој создаде игра со дејствие кое се базира на откривање на слики од пениси, изјави за Motherboard дека уклучувањето на Safe Mode на Tumblr беше пресвртна точка за неговата работа – а сега кога платформата го забранува целосно, не е јасно што ќе се случи со ваквите дела.
“Тажно е, затоа што кога ги оценував различните платформи за оваа намена, Tumblr беше единствениот што изгледаше доволно голем / со заедница ориентирана на уметност / со пристоен API / кој ќе го издржи тестот на времето” вели Yang. “Како некој што создава компјутеризирана уметност, јас многу се грижам за зачувувањето, и тоа ме тера да се запрашам колку уметноста и културата се уништуваат овде. Еротичната уметност и сексуалноста се особено изложени на рестриктивни политики од страна на платформите, од компании со кредитни картички, со заебани закони како FOSTA. ”
Заедниците кои најмногу ќе ја почуствуваат оваа промена ќе бидат веќе маргинализираните. “Tumblr забраната на содржини за возрасни е огромна загуба за заедницата на ЛГБТК, особено оние со повеќеслојни маргинализирани идентитети”, вели Kitty Stryker, квир порнографска перформерка и активистка за соглаасност. “За многумина, тоа е единственото место каде можеме да најдеме порнографија која нè претставува, создадена од инди изведувачи кои креираа сопствена содржина надвор од расистичката, трансмизогината, дебелофобична индустрија. Tumblr беше местото каде што нашата содржина можеше да постои без да нѐ турнат во ограничувањата на мизогиното работното место каде што доминираат мажите. ”
Stryker, исто така, истакна дека тоа е едно од ретките места каде што може да се случи експлицитно сексуално образование, во општество кое ги игнорира или активно ги напаѓа квир, кинк и немоногамните односи. “Ќе бидам шокирана ако, бидејќи тоа зависи од корисничките извештаи, ова непропорционално не ги афектира корисниците кои не се бели, цис, тенки и женствени”, рече Stryker. “Тоа е огромна загуба од перспектива на афирмирање на идентитети, од образовна перспектива, од феминистичка еротичка перспектива”.