Повик за легализација на сексуалната работа наменета за луѓето со посебни потреби

Повик за легализација на сексуалната работа наменета за луѓето со посебни потреби

Застапниците на лицата со посебни потреби се поделени околу прашањето кое се дискутира во парламентот на Јужна Австралија дали да се легализира користењето на сексуални услуги од страна на лица со посебни потреби.

 

Кели Винсент, кој е избрана во рамките на платформа за права на луѓето со посебни потреби, минатиот вторник ја претстави својата кампања за подршка на ова прашање, велејќи дека таа смета дека ќе биде од бенефит на многу луѓе кои имаат посебни потреби.

 

Некои застаници велат дека со оваа одлука ќе им се овозможи на луѓето со посебни потреби да ја решат својат сексуална фрустрација и да постигнат одредено ниво на задоволство, други велат дека оваа кампања ризикува да стави стигма врз оние ко се обидуваат да помогнат.

 

Винсент вели дека доколку одлуката биде прифатена во рок од еден месец, сексуални работници кои поминале одреден тренинг можат на лицата со посебни потреби да им овозможат безбедна и позитивна средина во која тие ќе можат да искусат интимност.

 

Доколку кампањата заврши успешно, таа ќе се заложи за закон со кој луѓето со посебни потреби ќе можат да добијат фондови од владата за да платат за сексуалните услуги.

 

„Не гледам причина зошто тоа не би било дозволено за оние луѓе кои се чувствуваат фрустрирани и отуѓени, сами и тажни затоа што немаат пристап до вакво искуство, и за оние за кои услугите на сексуалните работници можат да предизвикаат голема позитивна разлика во нивните животи, “- вели Винсент.

 

Денис Беквит, која порасна со целабрална парализа во југозападниот дел на Сиднеј, и која доби бронзена медела на параолимпијадата во Синдеј и денеска работи во Disabilities Australia, вели дека нејзината употреба на услуги од сексуален работник ќе и помогне да се развие како личност од многу аспекти.

 

„Јас сум лице со посебни потреби и моето прво сексуално искуство беше со сексуален работник. Навистина го вреднувам тоа искуство затоа што ми даде самодоверба да барам други врски, сопред тоа сексуалната работа има и едукативна функција„ – вели таа.

 

„Се обратив на мојот татко кој е човек со отворен ум и тој го виде моето барање како моја вистинска потреба. Па тој ми помогна да најдам машки сексуален работник„- додаде Денис.

 

Греам Инес, комесарот на Националната комисија против дискриминација на лицата со посебни потреби, не ја кометира оваа кампања, но вели дека лицата со посебни потреби треба да ги имаат истите права на пристап до одредени избори како и секој друг.

 

Пошироката австралиска популација генерално има прилично ограничувачки негативен став наспрема луѓето со посебни потреби и тоа е нојголемата бариера која ја имаме – вели тој.