13 Mar Поддршка за Родови Студии
Институтот за родови студии при Филозофскиот факултет на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е единствената образовна единица во Република Македонија на која може да се стекне формално академско образование на додипломски студии од областа на родовата проблематика. Неговото отворање предизвика огромен интерес во нашата средина за што сведочи нашиот упис и нашите индекси со кои се гордееме.
Во изминативе седум години, покрај совладувањето на наставните содржини бевме вклучувани во сите проекти што ги иницираа и спроведуваа нашите професори и во проектите реализирани со партнерски организации и институции.
Станавме видливи и препознатливи во јавноста по нашите заложи за постигнување на родовата рамноправност. По пет години успешно функционирање, уписот на нови студенти на Институтот за родови студии е ставен во мирување, и во моментот се одржува настава само со последните две генерации студенти.
Иднината на институтот е неизвесна, бидејќи немаме информации кога повторно би имало уписи на нови студенти. Затоа, ние поранешните и сегашните студенти на Институтот за Родови студии ја активираме оваа петиција со цел оваа академска година повторно да ими упис на студенти на нашиот институт. Аргументи зошто треба активно да се продолжи со Родовите студии во Република Македонија се следниве:
– Република Македонија е потписничка на редица меѓународни документи со кои се регулира/промовира родовата рамноправност, а исто така настојувањата за родова рамноправност се преточени во редица документи-закони и стратегии.
– Институтот за родови студии испорачува експерти кои ќе даваат значаен придонес и во и спроведувањто на политиките за родова еднаквост
– Родовите студии ја промовираат свеста за вредноста на сите луѓе, без разлика на полот.
– Родовите студии се посветени на остварувањето и зајакнувањето на рамноправноста на жените и мажите во сите сфери на општественото живеење
– Родовите студии се важни во промовирање на концептот на еднакви можности и човекови права
-Родовите студии едуцираат и вложуваат напори за спречување на родовата дискриминација во македонското општество
-Родовите студии се важни за зголемување на родовата сензитивност во нашето општество
-Родовите студии делуваат во насока на родова сензибилизација во наставата на високото образование
-Родовите студии се една од најистражуваните сфери во светот, од областа на општествените и хуманистичките науки
-Родовите студии се клучен фактор во намалување на родово базирано насилство
Потпишете ја петицијата овде