31 Mar Секој трети Виетнамец ја поддржува брачната еднаквост
Една неодамнешна анкета покажа дека секој трети Виетнамец ја подржува брачната еднакост, но и дека мнозинството се согласуваат дека можноста истополовите парови да можат да се венчаат нема да има никакво негативно влијание врз нивните животи.
Во студијата со наслов „Општествените перспективи на истополовиот брак“ биле анкетирани повеќе од пет илјади Виетнамци од кои над педесет и два проценти бил против истополовиот брак, а над триесет и три процнети го поддржале.
Над четириесет и два проценти од испитаниците ја поддржале идејата истополовите парови да бидат во можност да живеат заедно, а шеесет и два признале дека познаваат истополов пар кој живее заедно. Триесет проценти изјавиле дека имаат пријател или родинина кој е геј или лезбејка.
Седумдесет и два проценти од испитаниците изјавиле дека доколку на истополвите парови им се дозволи да се венчаат, тоа нема да влијае на нивните семејства.
Студијата беше објавена минатата среда од страна на виетнамскиот Социолошки институт, Иститутот за истражување на општеството, економијата и природната средина и Институтот на здравствени стратегии и политики. Студијата беше објавена во време кога виетнамските законодавци одлучуваат дали да усвојат нови амандмани на Законот за брак и семејство во кој би можело да вклучат некаква форма на правно признавање на истополивите врски.
Извор: Gay Star News