13 Dec Индија протестира против забраната на геј сексот
Младината во Индија се бори против одлуката на Врховниот суд во земјата со кој се забранува геј сексот. Илјадници хетеросексуални и геј парови постираа свои слики на Фејсбук, со кои ја слават хомосексуалноста.
Организаторот Тамај Сахај изјави: „Сѐ што треба да направите во знак на протест на одлуката на на Врховниот суд е да ја смените вашата слика на Фејсбук профилот со некоја на која бакнувате личност од истиот пол. Ова се многу тешки времиња во кои мораме да ги поддржиме нашите пријатели и семејства во нивното право да ја изразат својата сексуалност“.
Еден од протестантите напиша: „Никој не може да го одземе правото на љубов. Не можете да ги направите луѓето криминалци поради тоа што се. Врховниот суд направи многу глупава работа“.
Друг Индиец постираше слика како се бакнува со негов пријател, велејќи: „Врховна погрешна одлука“. Еден геј пар закачи слика со коментар: „Доколку љубењето е криминал, јас засегогаш би бил криминалец“.
Минатата среда Врховниот суд во Индија ги прогласи за нелегални сексуалните животи на милиони луѓе. Околу 17,5 проценти од светската геј популација живее во Индија.
Законот засега околу четириесет милиони геј мажи, и од страна на ЛГБТ активистите се опишува како „најлошото нешто кое што може да им се случи на глобалните геј права во изминатата декада“.
Како и во претходни случаи, во 2013 Фејсбук стана една од најдобрите алатки кои луѓето ги користат за протест против анти-геј законите.
Само во САД, 2.77 милиони луѓе ја променија својата слика на профилот со знакот за еднаквост на црвена позадина, симбол кој беше популаризиран од страна на Кампањата за човекови права.
Подигајќи ваков вид на свесност, голем број на ЛГБТ активисти веруваат дека претставува една од причините поради кои не беше усвоен Законот за одбрана на бракот во САД.
Извор: Gay star news