15 Jul Деканот на Чичестер вели:„ Хомосексуалноста не е избор“
Мината недела Деканот на Чичестер оддржа јавен говор во Чичестерската катедрала чиј фокус беше брачната еднаквост. За време на говорот тој зборуваше за идејата дека „хомсексуалноста претставува избор, а не нешто што е природно“, но и дека не постои лесно решение на верските противења на брачната еднаквост.
Деканот на Чичестер , пречесниот Николас Фрејлинг, ја водеше дискусијата со наслов „Геј Брак- сакрамент или скандал?“.
Во соопштението на Катедралата по говорот на деконот се вели: „Како дел од Одделот за образование на Чичестерската катедрала, Деканот на Чичестер, Николас Фрејлинг, водеше жива дискусија во преполната сала. Потсетувајќи ја публиката дека „хомосексуалноста не е избор, туку е нешто природно“, Деканот се повика на теологијата за да презентира аргументи од двете страни пред да ја отвори дебатата во која зема учество пошироката публика“.
Чувствата беа силни во моменетот кога луѓето се осетија способни да ги изразат своите ставови во оваа безбедна прилика која не беше снимана, но добриот хумор исто така беше задржан за време на дискусијата и стана јасно дека нема едноставен одговор на овој проблем на дваесет и првиот век“.
Мерлин МекИнес, офицерот за образование на катедралата, му се забалгодари на Деканот и беше изненадена од бројот на луѓето кои за време и по оддржувањето на сесијата кажаа колку многу им помогнал разговорот во личнните околности во нивните семејства.“
Порано во месецов главниот уредник на Чичестер Обзервер, Колин Шанон, исто така разговараше на истата тема со Freedom of the Press.
Репортер на Чичестер бил поканет на минатонеделниот настан, но подоцна не му било дозволено да влезе на самиот настан.
Извор: http://www.pinknews.co.uk/2013/07/13/dean-of-chichester-being-gay-is-a-choice-not-a-given/