Француски градоначалник добил смртни закани поради неговиот план да стапи во геј брак

Француски градоначалник добил смртни закани поради неговиот план да стапи во геј брак

Случајот со градоначалникот Шпајтел е последниот пример во серијата на смртни закани усмерени кон француски политичари.

 

Тиери Шпајтел, градоначалникот на Сиголдсхајм во регионот Хаут-Рин во источна Франција, минатата недела преку пошта добил писмо кое содржело заканувачка порака и куршуми поради неговата поддршка на брачната еднаквост.

 

Шпајтел, кој и самиот е геј, за локален весник изјавил дека бил шокиран од инцидентот и го опишал заканувачкиот акт како крајно непријатен.

 

Во претходно интервју дадено за Derniers Nouvelles d’Alsace, Шпајтел изјавил дека би сакал да се венча со својот партнер, да посвои деца и воедно ги осуди хомофобичните напади во изминатите месеци.

 

Во писмото кое го добил се наоѓале неколку куршуми и копија од весникот со неговото интервју на кое биле испишани хомофобични навреди.

 

Овој случај е најновиот во серијата на смртни закани кон француски политичари.

 

Непосредно пред француската влада да гласа за усвојување на брачната еднаквост, социјалистичкиот претседател на француското национално собрание Клод Бартлон, исто така, примил заканувачко писмо кое содржело барут. Во писмото од една страница пишувало: „Сакавте војна, добивте војна“.

 

Пред овој случај, замениците Силвиен Сулбу и Хугу Фураж добија писма од анти-геј екстремисти кои содржеле закани за киднапирање на нивните деца и убиства на нивните блиски.