Српска подршка за македонската ЛГБТ заедница

Српска подршка за македонската ЛГБТ заедница

Српската ЛГБТ заедница денеска одржа протест пред македонската амбасада во Белград во знак на подршка и солидарност со ЛГБТ лицата во Македонија кои изминативе недели беа мета на хомофобична кампања.

 

Главните гласноговорници во кампањата, која прерасна во директна медиумска хајка на провладините медиуми против ЛГБТ заедницата во Македонија, беа преставници од Владата, вклучувајќи ги Министерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни работи, како и разни здрженија на граѓани, како Сојузот на пензионери и Асоцијацијата на социјалните работници.

 

Во измнативе недели, ЛГБТ активистите во Македонија беа мета и на физичко насилство. Македонските медиуми објавија дека на 21-ри октомври две лица го нападнале претседателот на ЛГБТ Јунајтед Македонија при неговото враќање кон својот дом. Исто така, само осум часа по отварањето на центарот за поддршка на ЛГБТ популација отворен во Скопската Старата Чаршија, кој е поддржан и од Холандската амбасада, беше каменуван од страна на три непознати маскирани лица.

 

Со овој протест, српските ЛГБТ актвисти и дадоа директна подршка на ЛГБТ заедницата во Македонија во борбата за своите човекови права.